Првут 101 hair clinic

Преглед на Проблемот

Што е првут?

Првут (Pityriasis simplex capillitii) е одлупување и испаѓање на остарените површински клетки од епидермисот на скалпот.

Првутот е често пореметување на кожата на скалпот, зафаќајќи речиси половина од популацијата после пубертет независно од полот или етничката припадност. Секој припадник на било која популација во било кој географски регион бил зафатен со првут во некоја фаза од животот. Сериозноста на првутот флуктуира сезонски и често се влошува во зимските месеци.

Докажано е дека кератиноцитите (клетките од епидермисот на кожата) имаат клучна улога во експресијата и формирањето на имунолошките реакции во тек на создавањето на првутот.

Причини за појава на првут

Постојат неколку етиопатолошки патишта со комплексни механизми кои би можеле да го објаснат формирањето на првутот, иако сеуште не се разјаснети сите детали.

Улогата на габичките од тип Malassezia е широко прифатена уште од 1946. Кај првут и себореичен дерматит, нивоата на габичката се покачуваат двојно повеќе од нормално.

Улогата на корнеоцитите исто така е забележана, затоа што популациите Malassezia не се униформно распоредени на скалпот.

Се претпоставува дека местото на врзувањето на габичката се разликува кај корнеоцитите. Човечкиот скалп е силно осетлив на андрогените хормони и богат со себум. Себумот почнува да се формира во пубертет и е идеален нутритиент за биоценоза на микроорганизмите на скалпот, како Malassezia кои со липазна активност го разградуваат и се хранат.

Меѓутоа, степенот на екскреција на себум кај лицата со и без првут е ист. Како што епидермалниот слој континуирано се обновува, клетките што стареат, се истиснуваат кон површината каде евентуално и се одлупуваат. Кај повеќето лица овие лушпи се премногу мали за да бидат видливи.

Меѓутоа, одредени состојби предизвикуваат забрзување на овој процес особено на скалпот, значи се јавува хиперпролиферација на кератиноцитите и пореметување на процесот на кератинизација на епидермисот. Големината и степенот на појава на лушпите е хетерогена и се разликува од место до место на скалпот.

Немикробните причини за првутот се добро проучени. Изразена изложеност на сонце е познато дека предизвикува дескавамација на скалпот.

Блага иритација на скалпот поради прекумерно шампонирање, интензивно чешлање, употреба на одредени козметички производи, прашина и нечистотија, до одредена мера може да предизвикаат првут.

Симптоми на првут на скалп

Првутот нема инфламаторен карактер, што значи дека нема воспаление, црвенило и иритација на скалпот како кај себореичниот дерматит.

Се јавува непријатно чешање на скалпот и е нарушена естетиката на косата. Се смета дека првутот бара повеќе козметички отколку медицински третман, и тие третмани даваат брзи резултати. Сериозноста на првутот се движи од блага до тешка форма.

Постоењето на првут може да предничи или да го придружува телогениот ефлувиум. Исто така може да ја влоши андрогената алопеција. Кај некои случаи на првут опаѓањето на косата може да биде резултат на алтерации во процесот на телоптоза на влакното, крајната фаза на испаѓање на влакното.

Третман на првут во косата

Третманот против првут комбинира неколку методи и производи со цел регулирање на хиперкератинизација на површинскиот слој на епидермисот. Докажано е дека агресивните шампони и лекови, дури и шампоните против првут, можат дополнително да го потенцираат првутот наместо да го отстранат.

Современите терапевтски методи, од друга страна, го хидрираат епидермисот, кој, поради недостаток на крвни капилари, секогаш има недостаток на хранливи материи и вода, а со тоа ја одржува и задржува влагата на скалпот.

Протокол на третирање

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи