ТРЕТМАН ЗА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА НА КОСА И СКАЛП

Преглед на Третманот

Професионален детокс третман за коса е единствениот начин за ревитализација на косата и скалпот. Ефектите се долгорочни, особено со употреба на професионални шампони, лосиони и регенератори од нашата понуда.

Во нашата клиника, детокс третманот за коса се состои од три чекори:

1. Консултации со трихолог

За ефективноста на третманот, пред сè, потребно е да се утврдат состојбата на Вашата коса и скалп. Во нашата клиника ви стојат на располагање врвни, светски познати трихолози, дерматолози и експерти кои ќе посветат целосно внимание на вас. Причините за појава на проблеми со кожа и скалп можат да бидат различни. Како што се хормонски дисбаланс, себореичен дерматитис, псоријаза, акни, генетски фактори, одредени медицински состојби, употреба на несоодветни шампони и балсами, неправилна исхрана и други.

Откако трихологот ќе направи дермоскопија на косата и скалпот, ќе изврши детална анамнеза и ќе ги утврди состојбата на косата и кожата на главата, тој ќе препорача соодветен третман, како и препарати за одржување на постигнатите резултати. Прегледот се изведува со користење на најсовремен трихолошки софтвер кој овозможува точна дијагноза.

2. Спроведување на соодветен третман

Терапијата со нанопареа (детокс третман за коса) е длабински кондиционирачки третман кој веднаш ја подобрува состојбата на скалпот и косата. Водените наночестици со големина од само 0.26 нм пенетрираат во фоликулот на влакното и во самото стебло на влакното. Ултразвучните вибрации ја оптимизираат пенетрацијата. Водените наночестици продираат низ кутикулата на влакното отстранувајќи го депонираниот силикон и хемикалии од косата од една страна и хидрирајќи и потхранувајќи го влакното од друга страна. И различни активните супстанци за третман може да се трансформираат во наночестици и да го дополнат и подобрат ефектот на водените честици, со што подобро се репарираат оштетувањата на косата.

Се подобрува еластичноста на косата, која е битна особина на здравата коса. Ако влакното нема еластичност, лесно се кине и брзо се оштетува. Се подобрува изгледот на кутикулата на влакното, поради враќањето на нејзината влажност.

Хидрираната кутикула и дава на косата сјај, мазност, волумен. Органските кондиционирачки супстанци кои можат на овој начин да се аплицираат длабински и ја враќаат омплетната убавина и здравје на косата.

3. Нега и одржување

После третманот, трихологот ќе препорача употреба на специјални препарати за одржување на постигнатите резултати и најдолг можен ефект. Производите во нашите клиники се целосно природни препарати со највисок квалитет, чија ефикасност е препознаена од најеминентните дерматолошки институции.

Станува збор за органски растителни екстракти кои обезбедуваат создавање на здрав хидролипиден слој кој ја храни и штити косата и креира здрав епидермис. Исто така, ќе добиете посебни препораки за тоа како да ја стилизирате фризурата на начин што не им штети на косата и скалпот, како и препораки за диета доколку е потребно.

Јавете ни се и закажете третман. Подготвени сме да го решиме проблемот што е можно побрзо и да ја направиме вашата коса здрава и убава.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи