Има огромен број на причини кои можат да доведат до губење на косата. Генерално, алопециите се поделени во две групи: цикатрициелни (со формирање на ожилачно ткиво) и нецикатрициелни.Цикатрициелни алопеции се типично предизвикани од инфламација која резултира со деструкција на фолукулот што води до иреверзибилно губење на влакното. Причините за оштетување на фоликулот се воспалителни пореметувања како дискоиден лупус еритематозус, лихен планопапиларис, целулитис, фоликулитис декалванс, алопеција муциноза, централна центрифугална алопеција, фронтална фиброзирачка алопеција и келоидални акни, но исто така и некои габични инфекции, хемикалии кои се користат за исправување на косата, механичка тракција.
Нецикатрициелни алопеции се многу почести отколку цикатрициелните и во оваа група спаѓа и најпревалентната форма на опаѓање наречена андрогенетска алопеција, потоа следува алопеција ареата, телоген ефлувиум, трихотиломанија и тракциона алопеција, себорeичен дерматит, како и некои помалку чести состојби. Понекогаш тиродни заболувања, системски лупус еритематозус, дерматофитни инфекции, секундарен сифилис можат да предизвикаат алопеција. Нецикатрициелно истенчување на косата се јавува и како последица на природното стареење, и се означува како старечка алопеција. Андрогенетската алопеција е најчестата форма на губење на коса и е толку вообичаена што експертите сметаат дека треба да се смета за нормална варијација, како плави очи на кафева коса.