ТРЕТМАН ПРОТИВ ПЕРУТ

Преглед на Третманот

Професионален третман против првут е единствениот начин за ревитализација на косата и скалпот. Ефектите се долгорочни, особено со употреба на професионални шампони, лосиони и регенератори од нашата понуда. Овој третман ја регулира работата на лојните жлезди на оптимално ниво, лачењето на себум е намалено и скалпот станува чист и здрав.

Во нашата клиника, третманот против првут се состои од три чекори:

1. Консултации со трихолог

За ефективноста на третманот, пред сè, потребно е да се утврдат причините поради кои косата претерано се првути. Во нашата клиника ви стојат на располагање врвни, светски познати трихолози, дерматолози и експерти кои ќе посветат целосно внимание на вас. Причините за појава на првут можат да бидат различни. Како што се хормонски дисбаланс, себореичен дерматитис, псоријаза, акни, генетски фактори, одредени медицински состојби, употреба на несоодветни шампони и балсами, неправилна исхрана и други.

Откако трихологот ќе направи дермоскопија на косата и скалпот, ќе изврши детална анамнеза и ќе ги утврди причините кои доведуваат до првутење на косата, тој ќе препорача соодветен третман, како и препарати за одржување на постигнатите резултати. Прегледот се изведува со користење на најсовремен трихолошки софтвер кој овозможува точна дијагноза.

2. Спроведување на соодветен третман

Третман-от против првут комбинира повеќе методи и производи со цел да ја регулира хиперкератинизацијата на површинскиот слој на епидермисот.

Природните органски производи овозможуваат нежен пилинг на скалпот отстранувајќи ги лушпите првут, но истовремено носејќи минерали и витамини и алфа хирдокси киселини за баланс на кожата на скалпот. На тој начин го чистат првутот без да предизивикаат иритација и дисбаланс на скалпот. Одредени органски компоненти делуваат емолиентно помагајќи во одржувањето на здрав хидролипиден слој на скалпот со нормалeн pH.

Модерните терапевтски методи пак го хидрираат епидермисот на кој поради немањето крвни капилари секогаш му недостасуваат нутриенти и вода и на тој начин ја одржуваат и задржуваат влажноста на скалпот. Така ја враќаат и обезбедуваат водената компонента на хидролипидниот слој на епидермисот. Ја регулираат функцијата на лојните жлезди обезбедувајќи стабилизирање на секрецијата на масните материи. Масните материи во нормални количини се вклучуваат во составот на хидролипидниот слој, кој станува отпорен на надворешните неповолни влијанија. Првутањето исчезнува на таков здрав скалп и се заменува со нормален циклус на десквамација.

Скалпот е чист, без сквами првут, без чешање, косата е чиста, здрава и без бели лушпи првут.

3. Нега и одржување

После третманот, трихологот ќе препорача употреба на специјални препарати за одржување на постигнатите резултати и најдолг можен ефект. Производите против првут во нашите клиники се целосно природни препарати со највисок квалитет, чија ефикасност е препознаена од најеминентните дерматолошки институции.

Станува збор за органски растителни екстракти кои обезбедуваат создавање на здрав хидролипиден слој кој ја храни и штити косата и креира здрав епидермис. Исто така, ќе добиете посебни препораки за тоа како да ја стилизирате фризурата на начин што не им штети на косата и скалпот, како и препораки за диета доколку е потребно.

Јавете ни се и закажете третман. Знаеме дека првутот е голем проблем за вас и подготвени сме да го решиме проблемот што е можно побрзо и да ја направиме вашата коса здрава и убава.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи