СОНОФОРЕЗА - 101 Hair Clinic

Преглед на Третманот

Што е тоа сонофореза на скалпот?

Сонофореза е постапка на внесување на хербални супстанци во кожата на главата и поткожното ткиво со помош на ултразвучна технологија.

Кожата претставува важна заштитна бариера која ја спречува пенетрацијата на разни егзогени супстанци во телото од една страна, но од друга страна и потенцијален пат за пренос на функционално активни принципи за кожата и телото.

За да биде ефективна одредена активна состојка таа мора да го премине заштитниот слој на кожата, стратум корнеум.

Така се добиваат подобри функционални и терапевтски ефекти, што е особено битно во дермокозметиката каде најголем број од производите кои се користат имаат големи молекули кои не можат да ја преминат бариерата на површинскиот слој.

Студиите кои се однесуваат на методите на пенетрација на стратум корнеум добиваат се поголемо експериментално и клиничко значење.

Како вид на ултразвук, Сонофорезата е технологија која ја помага апсорпцијата на активни супстанци во кожата. Всушност сонофорезата може да ја зголеми пермеабилноста на кожата до 800%.

Кои се придобивките од сонофореза на скалпот?

Од сите методи кои се користат во пренесување на активни состојки во кожата, сонофорезата има многу да понуди во современите третмани на кожата и скалпот.

Технологијата на користење на звучни и сонични бранови како вид на третман е присутна долго време, но претежно насочена како терапевтски третман за подлабоките слоеви во физиотерапијата.

Употребата на сонофорезата во третманите на кожа и скалп е да се обезбеди зголемена пермеабилност на кожата. Оваа *пермеабилизација* на кожата и скалпот обезбедува многу повисока апсорпција на активните супстанци кои терапевтот се обидува да ги инфузира. Резултатот е двоен, и поекономично користење на терапевтскиот агент и подобар одоговор на аплицираниот агент поради негова подобра апсорпција.

Ултразвукот се користел уште од 70-тите за зголемување на продорот низ кожата, а во средината на 90-тите, сеопфатни истражувања биле спроведени во потрага по атрактивни алтернативни системи на достава на лекови спротивно на инјектирање и орална администрација. Бројни студии се фокусирале на олеснување на трансдермалната пермеабилност на различни медицински супстанци пр.инсулин преку сонофореза со ниска фреквенца.

Во тек на клиничката евалуација на ефективноста на сонофорезата, експериментите демонстрираа дека сигнификантна фракција (околу 30%) од интерцелуларните липиди на стратум корнеум, беа поместени или отстранети во тек на апликацијата на сонофорезата, и зголемувајќи ја премеабилноста на кожата до 800%.

Каков е механизмот на дејство на оваа метода?

За да се разбере како сонофорезата функционира, првин мора да ја разбереме механиката на липидно/водениот биослој на стратум корнеум (површинскиот слој на кожата). Тие делуваат како главна линија на одбрана на пониските слоеви на дермисот. На ова ниво многу супстанции со голема молекуларна тежина се одбиени и не можат да продрат во кожата.

За несреќа, многу од активните состојки кои се користат во третманите на кожа и скалп се комплексни молекуларни формации и не успеваат целосно да преминат низ заштитиниот слој.

Сонофорезата делува на привремено редуцирање на густината на липидите во интерцелуларниот домеин на бислоевите. Овој прекин на бариерата се случува како резултат на комбинација на микромеханичкиот, термичкиот и кавитациониот ефект на сонофорезата, кој ефективно ги отвора интрацелуларните патишта, обезбедувајќи супстанци со голема молекуларна тежина подобро да пенетрираат. Овие отвори се наречени лакуни и се пат за апсорпција на разни активни принципи од аплицираниот производ.

Сонофорезата е високо ефективен метод за зголемување на пермеабилноста на кожата и подобрување на ефектите од аплицираните производи.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи