ПСОРИЈАЗА НА СКАЛП 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е псоријаза на скалп?

Постојат различни проблеми со кожата на главата кои се јавуваат како кај мажите така и кај жените. Псоријаза е еден од нив. Псоријазата е релтивно честа состојба на кожата и вообичаено се јавува кај 2% од вкупната популација. Почесто се јавува кај мажи и жени после 35-тата година од животот. Се јавува во форма на црвени печати на кожата покриени со сребренесто – бели лушпи на мртва кожа. Иако псоријазата не е заразно заболуваwе, може да се појави неприметно и да влијае врз самодовербата на лицето кое ја има. Псоријазата претставува автоимуно заболување каде имуниот систем ги напаѓа здравите клетки на телото.

Протокол на третирање

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи