Професионален третман за сува, оштетена и безживотна коса е единствениот начин за ревитализација на косата и скалпот. Ефектите се долгорочни, особено со употреба на професионални шампони, лосиони и регенератори од нашата понуда.
Во нашата клиника, третманот за сува, оштетена и безживотна коса се состои од три чекори:
1. Консултации со трихолог
За ефективноста на третманот, пред сè, потребно е да се утврдат причините кои довеле до сувост на косата. Во нашата клиника ви стојат на располагање врвни, светски познати трихолози, дерматолози и експерти кои ќе посветат целосно внимание на вас. Причините за појава на сува и оштетена коса можат да бидат различни. Како што се хормонски дисбаланс, себореичен дерматитис, псоријаза, акни, генетски фактори, одредени медицински состојби, употреба на несоодветни шампони и балсами, употреба на хемиски средства за фарбање и негување на косата, честа изложеност на термоелектрични апарати и апарати за стилизирање на косата, неправилна исхрана, и други.
Откако трихологот ќе направи дермоскопија на косата и скалпот, ќе изврши детална анамнеза и ќе ги утврди причините кои довеле до сувост на косата, тој ќе препорача соодветен третман, како и препарати за одржување на постигнатите резултати. Прегледот се изведува со користење на најсовремен трихолошки софтвер кој овозможува точна дијагноза.
2. Спроведување на соодветен третман
Третман-от за подобрување на квалитетот и структурата на сува, оштетена и безживотна коса е уникатна комбинација од висококвалитетни органски производи за сува коса и високотехнолошки современи апарати за хидратација на влакното.
Специјално одбрани хербални производи со богат состав синергично делуваат за враќање на виталноста и убавината на косата. Благите шампони со растителни екстракти не го одмиваат заштитниот хидролипиден слој од влакното, како што се случува со нормалните шампони, туку го негуваат и задржуваат. Компактниот хидролипиден слој е предуслов за здраво влакно, затоа што е бариера која го штити од губење на влажноста. За разлика од синтетичките, силиконски препарати кои се акумулираат на влакното и го прават безживотно, органските состојки се интегрираат во кутикулата на влакното на природен начин враќајќи ја хидратантната и маслената компонента на влакното. Косата добива еластичност, цврстина и сјај. Само природните производи се идеални за здравјето на косата!
Современата апаратура пак помага во подобра пенетрација на производите не само на влакното туку и на скалпот. Длабинско потхранување и подобрена циркулација на скалпот е неопходно за долгорочно здрава и квалитетна коса. Нутритиентите и кислородот до фоликулот на влакното обезбедуваат негова оптимална функција и продукција на квалитетно влакно.
3. Нега и одржување
После третманот, трихологот ќе препорача употреба на специјални препарати за одржување на постигнатите резултати и најдолг можен ефект. Производите во нашите клиники се целосно природни препарати со највисок квалитет, чија ефикасност е препознаена од најеминентните дерматолошки институции.
Станува збор за органски растителни екстракти кои обезбедуваат создавање на здрав хидролипиден слој кој ја храни и штити косата и креира здрав епидермис. Исто така, ќе добиете посебни препораки за тоа како да ја стилизирате фризурата на начин што не им штети на косата и скалпот, како и препораки за диета доколку е потребно.
Јавете ни се и закажете третман. Подготвени сме да го решиме Вашиот проблем со сувост на косата што е можно побрзо и да ја направиме вашата коса здрава и убава.