Преглед на Третманот

Што е тоа мезотерапија на косата?

Мезотерапија на коса е нехируршки безболен метод за стимулирање и враќање на растот на косата. Мезотерапијата на коса е процес на инјектирање на специјални нутритивни коктели во средниот слој на кожата (мезодерм) на главата.

Овој метод ја стимулира циркулацијата на скалпот и ги стимулира активните фоликули на косата, поради што е еден од докажано најдобрите методи за превенција и третман на опаѓање на косата кај мажи и жени. Многу често се комбинира со други третмани за лекување на алопеција, со што се постигнуваат максимални резултати.

Третманот на мезотерапија на косата се заснова на фактот дека повеќето проблеми со опаѓање на косата се јавуваат поради дисбаланс на хормоните околу фоликулите на влакната, недостаток на одредени хранливи материи и намалена циркулација во скалпот.

Микрониделинг мезотерапијата е модерна софистицирана техника која користи специјално дизајниран инструмент со микро игли со дијаметар од 2 мм за да ги инјектира активните компоненти во средниот слој на кожата, директно во фоликулите на влакната, каде што нивното дејство е најефективно.

Кај кого се препорачува мезотерапија на косата?

По трихинолошка анализа, трихологот ќе предложи мезотерапија на косата како независен метод за третман на алопеција или во комбинација со други третмани и препарати. Резултатите од мезотерапијата се особено успешни кај луѓе со поголем број активни фоликули на косата.

Мезотерапијата на коса успешно се применува кај:

  • наследна (андрогена) алопеција
  • ненадејно и невообичаено опаѓање и губење на волуменот на косата (телоген ефлувиум – акутно и хронично)
  • анаген синдром
  • тенка коса што лесно се крши
  • коса што расте бавно
  • опаѓање на косата во кругови (алопеција ареата)
  • себореја, првут и прекумерна маснотија на скалпот

Исто така, се препорачува мезотерапија на косата како дополнителен метод по трансплантација на коса, со цел дополнително да се активира фоликулот на влакното.

Колку третмани се потребни за успешни резултати?

Должината на третманот за опаѓање на косата со мезотерапија е индивидуална за секој клиент. Тоа зависи од површината што се третира и од квалитетот на самата коса.

Еден третман трае 30-45 минути, а ефектите се видливи по еден месец. Интервалот помеѓу третманите со мезотерапија го одредува трихолог, и е обично 7 дена. Нашето искуство покажува дека вообичаено се потребни од 6 до 10 третмани, а на тоа влијае и ефектот што сакаме да го постигнеме со методот.

По завршувањето на активниот период на третман, може да се предложи одржување на постигнатите резултати со примена на третманот еднаш или двапати годишно.

Што добивате со мезотерапија на косата во 101 Hair Clinic?

Ако сакате да го решите проблемот со опаѓање на косата и да добиете бујна, силна и здрава коса за кратко време, мезотерапијата за коса е вистинскиот метод за вас.

Ефектите од мезотерапијата на косата се:

  • побрз раст на нова коса
  • посилен корен на косата
  • обновен фоликул на косата
  • хидриран скалп и коса
  • намалено опаѓање на косата
  • сувата коса станува поквалитетна
  • исчезнуваат себорејата и првутот
  • посилен сјај на косата
  • косата е помалку мрсна

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи