ТРАКЦИОНА АЛОПЕЦИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е тракциона алопеција?

Тракциона алопеција е форма на механичка, трауматска алопеција. Траумата е обично блага но долготрајна. Најчесто одредени фризури кои вклучуваат тегнење, плетење на косата, на агресиви хемикалии и термички апарати за стилизирање предизвикуваат сигнификантно оштетување на фоликулите на косата што води до губење на косата.

Што предизвикува тракциона алопеција?

Главната причина за тракционата алопеција е цврсто стегнати фризури кои континуирано го влечат влакното.

Освен стегнати фризури, тракциона алопеција може да биде предизвикана и од хемиски и термички третмани. Пример, фарби, бланш, производи за исправување се покажало дека сериозно го оштетуваат влакното. Термичките апарати за стилизирање исто така можат да доведат до тракциона алопеција.

Кои се симптомите на тракциона алопеција?

Иницијално губењето на косата е привремено, растот на косата може да се обнови и состојбата се однесува како нецикатрициелна алопеција. Но, ако ексцесивната тракција продолжи со години, губењето на косата може да стане перманентно и да се развие цикатрициелна алопеција.

Може да има еден латенетен период од декада и повеќе од почетокот на тегнењето на косата до почетокот на трајното губење на косата.

Се сретнуваат најчесто Афро-Американки во нивните 30-ти или 40-ти години со историја на перзистентно, битемпорално или фронтално губење на косата. Овие жени може да негираат дека имале одредени стилови на фризура која ја носеле долго време.

Клинички се манифестира како периферна или маргинална форма на алопеција која ја зафаќа фронталната темпоралната и париеталната граница на скалпот. Чешање е често присутно.

Методи на третирање на тракциона алопеција

Знаците на тракциона алопеција обично се наоѓаат околу линијата на косата каде што е најсилна напнатоста. Во зависност од тежината и времетраењето на таквата состојба, третманот на тракциона алопеција е можен и покажува добра реакција на примената на производите од линијата 101. Сепак, најдоброто решение за да се избегнат ваквите услови е да не се носат фризури што може да доведат до нив.

Најдобар начин да се добие волумен е да се консултирате со стручно лице (трихолог) со цел да се примени соодветна терапија.  Исто така, ќе ви дадат неколку упатства за начинот на живот, исхраната и нега на косата.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи