ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА - 101 Hair Clinic

Преглед на Третманот

Што е ФУЕ трансплантација на коса?

Напредните хируршки техники за трансплантација на коса обезбедуваат трајно решение со сосема природен изглед за оние кои ја изгубиле својата коса или имаат проретчена коса. “FUE” е постапка во која буквално илјадници фоликули се дистрибуираат во зоната на целосно изгубената или проретчена коса.

Еднаш земени од “донорската” област (страничните и задниот дел од главата), фоликулите на косата микроскопски се вивисецираат во “графтови”. Секој микрографт содржи одделна “фоликуларна единица”, која содржи од 1-3 фоликули на влакно.

Фоликуларните единици во вид на графтови потоа внимателно се имплантираат во зоната која што нема коса или косата е проретчена.

Прецизни уметнички и технички вештини се потребни од страна на искусен пластичен хирург. За да се создаде соодветна естетска линија на косата, како и да се обезбеди соодветен агол, ориентација и позиција на секој трансплантиран графт коса.

Како се одвива постапката за трансплантација на коса?

Постапката за трансплантација на коса се изведува користејќи локална анестезија. За време на трансплантацијата удобно се релаксирате. Гледајќи ДВД, слушајќи музика или задремување за време на самата постапка, која трае неколку часа. Во зависност од бројот на графтови кои треба да се екстрахираат од донорската област и да се имплантираат во областа на изгубена или проретчена коса.

Поголемиот дел од луѓето немаат никакви значајни непријатности по операцијата. Мало чешање и отекување може да се случи, но генерално поминува после неколку дена. Нормална физичка активност може да се практикува 4 дена после операцијата. Крустите на скалпот вообичаено се чистат во рок од десет дена.

Трансплантираната коса опаѓа по околу 2 недели (што е нормален процес и се должи на недостигот на кислород). И генерално косата започнува повторно да расте за околу 3 месеци. Нашиот Центар нуди целосна предоперативна и постоперативна двонеделна нега која е бесплатна, при што се вклучени низа постапки и третмани со ласерска биостимулација, ЛЕД фотобиостимулација, кислородна инфузија и нега заради побрзо заздравување, рехабилитација и добивање на побрзи резултати од трансплантацијата.

Вистинскиот ефект од трансплантацијата се постигнува после 6 до 8 месеци, кога растот на трансплантираната коса е оптимален. Во зависност од степенот на проретчување во една сесија на трансплантација максимално се вадат до 3.500 фоликуларни единици односно околу 10.000 влакна, кај одредени техники и повеќе. На еден сантиметар квадратен се имплантираат доволно влакна за да се добие густина од 120-150 влакна и добивање на природна густина на косата. Цената на трансплантацијата зависи од бројот на графтови почнувајќи од 1.500 евра.

За максимално природен и естетски ефект од трансплантацијата изборот на врвен хирург е од круцијално значење. Тимот кој ја работи трансплантацијата е составен од врвни европски хирурзи со многубројни признанија, награди, преку 20-годишно искуство во трансплантацијата на коса и сертифицирани членови на Европската и Меѓународната асоцијација на пластични хирурзи. Доколку сакате подетално да се запознаете со биографските податоци и постигнувања на нашите хирурзи ве молиме да се обратите кај нас за дополнителни информации.

Дали е трансплантацијата на коса трајно решение?

Трансплантираната коса е трајна и за неа добивате гаранција дека никогаш нема да опадне. Меѓутоа она што често не ви го кажуваат другите клиники за трансплантација на коса е фактот што доколку не продолжите да се грижите за косата која не е трансплантирана (предниот дел и круната на главата) косата ќе продолжи да се проретчува.

Заради траен природен изглед и густина на косата, неопходна е континуирана нега на вашата коса.

Нашиот Центар после трансплантацијата на коса ви обезбедува пакет третмани и производи кои имаат за цел да го одржуваат постигнатиот природно густ ефект на вашата коса.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи