ТЕЛОГЕН ЕФЛУВИУМ - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е телоген ефлувиум?

Телоген ефлувиум е прилично честа состојба, но нема точни податоци за неговата распространетост. Голем процент од возрасните имале епизоди на телоген ефлувиум во одредена фаза од нивниот живот.

Телогениот ефлувиум може да влијае на влакната на кој било дел од телото, но најчесто се јавува на скалпот.

Телогениот ефлувиум може да биде основа за појава на андрогена алопеција, ако имате генетска предиспозиција. Дотогаш, формата на алопеција може да биде непрепознатлива.

Што предизвикува телоген ефлувиум?

Сите влакна имаат 3 фази на раст:

  • фаза на формирање-анагена,
  • фаза на мирување-катагена,
  • фаза на опаѓање-телогена.

На скалпот анагената фаза трае околу 3-5 години, додека телогената трае 3 месеци иако има широка варијација на овие интервали кај различни индивидуи. Во тек на телогената фаза, постоечкото влакно останува во фоликулот се додека не е избуткано од растот на ново анагено влакно.

Кај повеќето лица, во било кој момент 5-15% од косата на скалпот е во телогена фаза. Телогениот ефлувиум се јавува кога физиолошки стрес или хормонална промена предизвикува огромен број на влакна истовремено да преминат во телогена фаза.

Доказите сугерираат дека механизмот на опаѓање на телогената коса е активен процес кој може да се случи независно од растот на нова анагена коса. Интервалот меѓу иницирачкиот настан за телоген ефлувиум и почетокот на опаѓањето се совпаѓа со должината на телогената фаза, од 1 до 6 месеци, просечно 3 месеци.

Кои се симптомите на телоген ефлувиум?

Симптомите на телогениот ефлувиум се опаѓање на косата, дифузно губење на косата на ниво на целиот скалп и зголемен број на опаднати влакна (ги наоѓате на под, на перница, после миење итн.)

Иако нормалното опаѓање е околу 100 влакна/дневно, лицата со телоген ефлувиум губат 100-400 влакна дневно. Понекогаш се чувствува намалена густина на косата. Кај двете форми на ефлувиум косата се губи дифузно, од целиот скалп. Целосно ќелавење не се сретнува.

Видови телоген ефлувиум

Акутен телоген ефлувиум е дефиниран како опаѓање на косата кое трае пократко од 6 месеци. Овој тип на ефлувиум обично се јавува ненадејно. Обично се јавил метаболички или физиолошки стрес 1-6 месеци пред да почне опаѓањето на косата. Физиолошки стрес кој може да индуцира телоген ефлувиум може да биде фебрилна состојба, големи повреди, промени во исхрана, бременост и пордување, почнување со нов медикамент. Имунизација исто така може да биде причина. Папулосквамозни болести на скалпот како псоријаза и себореичен дерматит можат да предизвикаат опаѓање на косата.

Хроничен телоген ефлувиум е интензивно опаѓање на косата кое трае подолго од 6 месеци. Почетокот е суптилен и постепен, иако опасен и тешко е да се идентификува тригер факторот. Поради траењето на опаѓањето, се јавува проретчување на косата и/или истенчување на косата со намалување на волуменот и безживотен изглед на косата.

Методи на третман на телоген ефлувиум

Косата што опаднала со телогениот ефлувиум може да се обнови спонтано во одредени ситуации.

Понекогаш во моментот кога ќе забележите дека вашата коса опаѓа поинтензивно, таа веќе започна да се обновува и повторно расте. Но, исто така, во многу случаи, телоген ефлувиум може да биде првата фаза во развојот на наследна ќелавост кај жени.

Се препорачува секогаш кога ќе забележите зголемено опаѓање на косата, да побарате совет и помош од професионалец.

Нашиот центар применува мошне успешни третмани за проблемот со телоген ефлувиум, но секако е важно да побарате помош на време. Најдобро е, кога ќе забележите огромно опаѓање на косата, навремено да побарате помош од нашите трихолози, кои детално ќе го разгледаат вашиот проблем и ќе ве советуваат што да направите за да спречите опаѓање и стимулирате нов раст на косата.

Трихолошката анализа на косата обично е доволна за да се процени опаѓањето на косата.

Врз основа на добиените информации, вашиот проблем може само да се следи или да се даде предлог за специфичен третман, доколку состојбата бара сериозен пристап.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи