Карбокситерапија на коса 101 Hair Clinic - Lečenje opadanja kose

Преглед на Третманот

Што е карбокситерапија на коса?

Карбокситерапија на коса е целосно природен третман што може да се примени заедно со 101 локалната терапија против губење на косата. Овој третман делува директно на фоликулите чии промени се главната причина за опаѓање на косата.

За време на третманот, јаглероден диксид се вбризгува во областите на главата каде што косата е ослабнета или проретчена. Целта е да се зголеми оксигенацијата и на тој начин прихранетоста со нутритиенти за ослабените фоликули на косата.

На кој начин работи карбокситерапијата на коса?

Карбокситерапија на коса користи сосема природен процес за нашето тело: употреба на кислород за отстранување на јаглерод диоксид.

Во областите на инфузија, микроциркулацијата значително се подобрува бидејќи црвените крвни зрнца се принудени да ослободат кислород за да ги „фатат“ молекулите на CO2 и да ги исфрлат од телото.

Овој подобрен проток на крв и кислородност на ткивата овозможуваат кожата да се регенерира и зајакнат фоликулите на косата. Во исто време, третманот има вазодилатативен ефект (т.е. зголемување на малите крвни садови), што овозможува прихранетоста на скалпот да се зголеми со есенцијални витамини и хранливи материи.

На овој начин се обезбедува запирање на опаѓањето на косата, стабилизирање на проретчувањето и стимулација на повторен раст на изгубената коса. Во исто време, се подобрува структурата на хијалуронска киселина, природна состојка на кожата која е направена од фибробласти и придонесува за хидратација на ткивата и целосна апсорпција на факторите на раст.

Третманот е целосно безболен.

Дали карбокситерапијата на коса може да се комбинира со други третмани?

Вообичаено се применува во комбинација со ласерска терапија (LLLT), микрониделинг мезотерапија или локална терапија со 101 формули. Најчесто, дванаесет сесии за третман се неопходни во зависност од природата и обемот на проблемот.

Кога може да се очекуваат резултати?

Обично, потребни се 3 третмани за да се запре губењето на косата и опаѓањето да се стабилизира, додека после 6 третмани слабата коса се зајакнува и добива на квалитет.

Во секој случај, ефикасноста на oвој третман може да се види преку трихолошка анализа (трихоскоп кој нуди неколкукратно зголемување) што обезбедува најдобра проценка на резултатите кај секој клиент.

Дали овој третман е адекватен за мене?

Карбокситерапија на косата дава најдобри резултати кај луѓето кои имаат алопеција ареата, од сите видови и сериозност на ареатата. Исто така, оваа терапија може да се користи како комплементарна терапија кај лица со андрогена алопеција од двата пола. Во раните фази на андрогена алопеција, овој третман е одличен во спречување на процесот на наследно опаѓање на косата.

Кои проблеми ги решава карбокситерапијата на коса?

Карбокситерапијата дава добри бенефити во лекувањето на ќелавоста од различно потекло, вклучувајќи:

  • андрогена алопеција
  • алопеција ареата
  • сезонско опаѓање на косата
  • опаѓање на косата после бременост и доење
  • опаѓање на косата после хормонска терапија
  • слаба, оштетена, безживотна коса – особено кај жени

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи