СУВА КОСА 101 hair clinic

Преглед на Проблемот

‘Fragilitas Crinium’, е состојба на кршливост на косата, кога влакното поради ослабена еластичност има тенденција лесно да се кине. Краевите на влакното се раздвојуваат. Коса-та е сува, безживотна и без сјај.

Причините за појава на сува, безживотна коса се различни. Генетика, исхрана, болест, медикаменти, стрес, хормонални дисбаланси, а најчесто агресивни хемиски и козметички производи за коса и неадекватна нега на косата. Косата има хидролипиден слој кој е емулзија составена од вода и масни материи излачени од лојните жлезди на влакното. Ваквиот слој има лубрикантна и хидратантна функција, но исто така и заштитна, оневозможувајќи развој на бактерии и габи. Хидролипидниот слој е фузиран со кератинот на кутикулата (надворешниот слој) на влакното и на тој начин не само што апсорбира вода туку и оневозможува губење на влажност. Сувоста на косата се јавува кога ќе се деградира овој заштитен слој.

Неадекватна нега на косата со употреба на агресивни шампони, неправилно користење на козметички производи, хемиски процеси како трајна ондулација или фарбање може да доведат до оштетување на хидролипидниот слој на влакното и последователна појава на кршливост, сувост и безживотност на косата. Константно користење на фен за коса, топли витлери и четки, пегли за исправување на коса, агресивно четкање исто така го нарушуваат заштитиниот слој. Хлорирана вода од базени, УВ зраците од силна сончева светлина, ветер и централно греење придонесуваат за дехидратацијата на косата.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic