КИСЛОРОДНА ИНФУЗИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Третманот

Што е тоа кислородна инфузија?

Кислородна инфузија е потполно природен третман на вбризгување на чист кислород под притисок директно во скалпот.

Општо познато е дека циркулацијата е битна за донесување на нутритиенти и кислород до фоликулот на влакното. И дека во услови на слаба циркулација влакното има недоволно *храна*. Но, уште побитно е дека во услови на недостаток од кислород се зголемува конверзијата на тестостерон во ДХТ! А, покачените нивоа на ДХТ пак ја намалуваат оксигенацијата на фоликулот на влакното.

Се покажало дека скалпот кај лица кои ја губат косата има недостаток од кислород (хипоксија). И дека микроваскулатурата (крвните садови) околу фоликулот се дефициентни споредено со истите параметри во нормален скалп. *Гладта* за кислород води до намален раст на косата и компромитирани клеточни механизми на обновување.

Што го прави третманот на кислородна инфузија толку корисен?

Кислородната инфузија директно во ткивата емитира 95-98% чист кислород под притисок двојно поголем од атмосферскиот.

Клиничките студии покажале дека оваа неагресивна техника обезбедува трансдермален премин на гасот преку жлездените аднекси на кожата (пилосебацеалниот апарат-пората на влакното и потните жлезди) и интерцелуларно и/или трансцелуларно. Во тек на фазата на емисија инфузираниот кислород има латентен период во тек на кој постигнува баланс со кожата. Штом ќе се постигне точката на балансот, констатен проток почнува.

На кој начин се постигнуваат ефекти?

Во услови на недостаток од кислород, митохондриите (енергетските *фабрики*) на клетката стопираат со работата како еден вид механизам на преживување.

Кислородната инфузија делува на васкуларниот гломус (сплет од крвни капилари) лоциран во ретикуларниот дермис. Каде всушност се наоѓа и коренот на влакното.

Бројни клинички студии покажаа дека терапевтскиот ефект на кислородната инфузија произлегува од неговите ангиогенетски карактеристики (создавање на крвни капилари). Всушност, кислородната инфузија делува на три примарни компоненти. На сврзното дермално ткиво, одржување на адекватна количина на глукозаминоглукани (хијалуронска киселина), еластични и колагени влакна во квалитет и кванитет. Едноставно кажано го подмладува ткивото околу фоликулите и подобро го васкуларизира.

Кои се придобивките од третманот со кислород?

Клинички студии покажале дека кислородната инфузија е многу ефективна и кај третман на акни на лицето. Секако и фоликулит на скалпот како и псоријаза благодарение на неговото антиинфламаторно и себорегулаторно дејство. Истите студии покажале дека кислородната инфузија не го зголемува создавањето на слободни радикали. Туку го спречува разградувањето на гликозата во клетките, преку спречување на дегенерацијата на клетките.

Со кислородната инфузија, како третман во 101 HAIR CLINIC, исто така можат ефективно да се пренесат различни активни супстанци и медикаменти во кожата и до фоликулот на влакното, без да се повреди или оштети кожата и безболно, со што се зголемуваат бенефитите на овој третман за стимулација на растот на косата.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман..

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи