ФОЛИКУЛИТИС - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е фоликулитис?

Фоликулитис е инфективно воспаление на фоликулите на влакната. Може да се појави во кој било фоликул на влакно, па дури и во скалпот. Најчеста локализација на фоликулитис е во бутовите, пазувите и препоните – места каде што триењето е често. Честопати погрешно може да се смета дека се работи за мозолче ако е зафатен само еден фоликул. Според времетраењето, се разликуваат акутен и хроничен фоликулитис.

Кои се симптомите на фоликулитис?

Постојат мали црвени нодули со бела или жолта содржина на површината на кожата. Околната кожа е црвена и отечена, а сето тоа е придружено со чувство на чешање.

Што може да предизвика појава на фоликулитис?

Најчести причини се бактериите од родот стафилококи, габи и некои вируси. Патогените предизвикувачи можат да се пренесат од една на друга личност. А можат да се пренесат и преку работи каде што се наоѓаат патогените. Важен фактор што влијае на создавањето на инфекцијата, е, олеснувањето на патот на патогенот кој влегува во самиот фоликул, а тоа се случува со зголемено триење поради облеката или преку посекотини после бричењето.

Прогноза на фоликулитис

Со вистинска терапија, акутниот фоликулитис може брзо да се излечи кога ќе се открие навреме. Хроничниот фоликулитис се третира подолго време поради постојаното повторување. Најголемиот проблем кога се јавува на скалпот е што може да остави лузнено ткиво.

Видови на фоликулитис

Фунгални фоликулити

Microsporous tinea на скалпот (тинеа со сиви красти) е неинфламаторна тинеа на скалпот која се карактеризира со типични големи кружни или полициклични плакови и мали сателитски зони покриени со сивкасти крусти. Оваа инфекција често се добива од мачки или кучиња.

Trichophytic tinea на скалпот ( тинеа со црни точки ) афектира само неколку фоликули и се манифетира со мултипни мали алопетични зони, кои понекогаш конфлуираат во поголема полициклична зона со карактеристична внатрешност составена од здрави влакна. Инфекцијата се шири од лице на лице.

Kerion Celsi е инфламаторна тинеа на скалпот, генерално предизвикана од зоофилни, геофилни и антропофилни дерматофити, придружена со силна воспалителна реакција.

Favus е фоликулит предизвикан од T. schoenleinii и моментално има преваленција во Шпанија. Почнува со мали еритемосквамозни полиња со слаба инфилтрација.

Pityrosporum фоликулитот може да се сретне на кожата на периферијата на склапот.

Folliculitis предизвикан од Candida се манифестира со понкогаш болни папули, нодули и пустули во влакнестите зони особено скалпот и брадата.

Бактериски фоликулити

Бактерискиот фоликулит може да биде суперфицијален или длабински, најчесто предизвикан од Staphylococcus aureus, streptococcus, proteus, pseudomonas или колиформни бацили. Предиспонирачките фактори вклучуваат хиперхидроза (зголемено потење), оклузија, мацерација, тракциона депилација, топични кортикостероиди и изложеност на масла и други хемиски супстанци, или може да резултира од ерозивна пустуларна дерматоза од S.aureus кај пациент кој имал операција на скалпот.

Суперфивицијален фоликулит (‘остеофоликулит’) е инфекција на фоликуларниот остиум, која се манифестира со болни еритематопапуларни перифоликуларни лезии.

Длабински фоликулит на скалпот и блиску до скалпот се манифестира со сикоза, фурункул, карбункул итн. Кога фоликулитот се шири преку инфундубулумот на влакното, тогаш резултира и со површински и со длабински апсцес. Се додека апсцесот не стигнува до булбусот, не настанува резудуална алопециа, опаѓање на влакното.

Третман на фоликулитис

Во случај на фоликулитис на скалпот, треба да се користат благи растителни шампони. 101B формулата се користи за чистење на скалпот, додека 101E формулата го намалува воспалението наместо кортикостероидите. ЛЕД фототерапија со сино светло има антибактериско дејство – ги убива бактериите кои создаваат акни, го регулира лачењето на себум и делува на чистење на кожата. Овие придобивки од ЛЕД-терапијата се користат на кожата на главата која е воспалена, иритирана и инфицирана, особено кај фоликулитис и себореичен дерматитис.

Протокол на третирање

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи