ТРЕТМАН ЗА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ НА СКАЛПОТ И КОСАТА

Преглед на Третманот

Професионален третман против стареење на косата и скалпот е единствениот начин за ревитализација на косата и скалпот. Ефектите се долгорочни, особено со употреба на професионални шампони, лосиони и регенератори од нашата понуда.

Во нашата клиника, третманот против стареење на косата и скалпот се состои од три чекори:

1. Консултации со трихолог

За ефективноста на третманот, пред сè, потребно е да се утврдат состојбата на Вашата коса и скалп. Во нашата клиника ви стојат на располагање врвни, светски познати трихолози, дерматолози и експерти кои ќе посветат целосно внимание на вас. Причините за појава на проблеми со кожа и скалп можат да бидат различни. Како што се хормонски дисбаланс, себореичен дерматитис, псоријаза, акни, генетски фактори, одредени медицински состојби, употреба на несоодветни шампони и балсами, неправилна исхрана, природниот процес на стареење на кожата и косата и други.

Откако трихологот ќе направи дермоскопија на косата и скалпот, ќе изврши детална анамнеза и ќе ги утврди состојбата на косата и кожата на главата, тој ќе препорача соодветен третман, како и препарати за одржување на постигнатите резултати. Прегледот се изведува со користење на најсовремен трихолошки софтвер кој овозможува точна дијагноза.

2. Спроведување на соодветен третман

Третманот за ревитализација и против стареење на скалпот и косата е неопходен третман ако се земе во предвид дека од процесот на стареење не е поштеден ниту еден орган од нашето тело. Освен тоа, стареењето на скалпот и на фоликулот на влакното последователно е најинтензивно и најбрзо, дури 6 пати побрзо од кожата на лицето.

Современата апаратура овозможува стимулација на циркулацијата заради подобро снабдување на скалпот со кислород и нутритиенти. Најбитно е што современтите терапевтски методи и постапки обезбедуваат подобра синтеза на колаген во скалот кој најбрзо се губи во процесот на стареење. Скалпот е оксигениран, хидратиран, богат со колаген и последователно еластичен и ревитализиран. Фоликулот на влакното исто така е стимулиран на активност и има подобрена функција продуцирајќи здраво и цврсто влакно.

3. Нега и одржување

После третманот, трихологот ќе препорача употреба на специјални препарати за одржување на постигнатите резултати и најдолг можен ефект. Производите во нашите клиники се целосно природни препарати со највисок квалитет, чија ефикасност е препознаена од најеминентните дерматолошки институции.

Станува збор за органски растителни екстракти кои обезбедуваат создавање на здрав хидролипиден слој кој ја храни и штити косата и креира здрав епидермис. Исто така, ќе добиете посебни препораки за тоа како да ја стилизирате фризурата на начин што не им штети на косата и скалпот, како и препораки за диета доколку е потребно.

Јавете ни се и закажете третман. Подготвени сме да го решиме проблемот што е можно побрзо и да ја направиме вашата коса здрава и убава.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи