АНАГЕН ЕФЛУВИУМ - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е тоа анаген ефлувиум?

Анаген ефлувиум е нецикатрициелна алопеција која се манифестира со енормно опаѓање на косата. Понекогаш доаѓа до целосно губење на косата.

Нормалните човечки влакна можат да бидат класифицирани според трите фази на раст на влакното: анагени, катагени и телогени. Анагените влакна се во фаза на раст, во тек на која клетките од матриксот на влакното покажуваат интензивна митотичка активност. Од околу 100 000 влакна на просечен скалп дури 85-90% се наоѓаат во фаза на раст во било кој момент. Поради тоа анагениот ефлувиум афектира огромен процент од косата на скалпот.

Што предизвикува појава на анаген ефлувиум?

Цитостатиците и разни токсини и отрови го инхибираат брзиот раст и размножување на клетките вклучително и пролиферацијата на клетките од фоликулот на влакното. Како последица настанува арест на продукцијата на влакно. Цитостатиците делуваат толку брзо и се толку потентни што фоликулите на влакното немаат време да влезат во телогената фаза, како кај телоген ефлувиум, кој е вообичаен одговор на просечни надворешни негативни влијанија на циклусот на влакното.

Како причини кои можат да предизвикаат анаген ефлувиум се:

  • хемотерапија,
  • лекови (бизмут, леводопа, циклоспорин),
  • изложеност на хемикалии, радиотерапија,
  • ендокрини заболувања,
  • пемфигус вулгарис,
  • траума и сл.

Анаген ефлувиум исто така се јавува кај лица со алопеција ареата како резултат на инфламаторниот напад на матриксот на фоликулот на влакното.

Кои се симптоми на анагениот ефлувиум?

Кај анаген ефлувиум фоликулите влегуваат во фаза на суспендирана анимација, *смрзнати во време*. Влакната испаѓаат многу брзо и имаат дистрофичен изглед. Губењето на косата обично почнува 7-14 ден после само една доза хемотерапија. Опаѓањето на косата е клинички највпечатливо после 1-2 месеци. Со цитостатици, степенот на губење на коса варира од лице до лице. Некои лица имаат комбинација од телоген и анаген ефлувиум и лимитирано губење на косата. Анагениот ефлувиум е посериозен кај лица кои примаат комбинација од цитостатици отколку кај една доза. Сериозноста на опаѓањето зависи и од дозата.

Методи на третман на анаген ефлувиум

Анагениот ефлувиум е реверзибилен, така што по завршувањето на хемотерапијата или отстранувањето на факторот што довел до нарушување, косата расте повторно.

Доколку ви треба стручна помош, нашиот центар за коса има трихолози кои се со долгогодишно искуство во третирање на опаѓање на косата. Покрај нивната стручност и искуство во областа на трихологијата, тие ќе ви бидат постојана поддршка во текот на целиот период кон враќање на стариот сјај на вашата коса.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман..

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи