Од 1974-та година, 101 Hair Clinic е водечки центар за решавање на проблеми со коса и скалп на Балканот.
Со четири модерни европски клиники лоцирани во Скопје, Белград, Загреб и Истанбул, 101 Hair Clinic е еден од водечките центри против опаѓање на коса и стимулирање на повторен раст на изгубената коса.
Меѓународно едуциран специјалистички тим од трихолози, дерматолози, пластични хирурзи и медицински терапевти ви стојат на располагање во ефикасно решавање на вашиот проблем.
Дигитална дерматоскопија со современ трихилошки софтвер овозможува поставување на правилна и точна дијагноза која е клучна во третирањето на проблемот со опаѓање на косата.
Третманите кои се користат во нашите клиники се одобрени од страна на Американското биро за контрола на лекови – ФДА како најсовремени,сигурни и единствени ефикасни третмани против опаѓање на косата.
Сите производи кои нашиот медицинки тим ги вклучува во вашата домашна терапија се со научно докажана ефикасност, и се 100% природни и безбедни, без ниту еден негативен ефект по вашето здравје.
Илјадници успешни приказни на наши задоволни пациенти ја сочинуваат најголемата колекција од пред потоа фотографии, кои сведочат за стручноста на нашите доктори и успешноста на нашите третамни и производи во лекување на опаѓањето на косата.
Водечка Меѓународна Клиника
Што е тоа што не прави водечка меѓународна клиника за опаѓање на коса?
101 Hair Clinic се единствените клиники за опаѓање на коса кои на своите пациенти им нудат клинички докажани производи и клинички одобрени третмани. Тоа значи дека нашите пациенти ги добиваат сите потребни препарати и третмани во нашата клиника. Кој препарат е најадекватен за вас односно кој третман би ви бил препорачан зависи од дијагнозата која ќе ја постават нашите доктори специјалисти по извршената трихолошка анализа на вашата коса и скалп.
За секој наш пациент се изработува индивидуален план на терапија за да се гарантираат максимални ефекти за раст на косата. Покрај локалната домашна терапија, нашите доктори можат да препорачаат и адекватен клинички третман кој се изведува во нашата клиника а се со цел да се постигнат оптимални резултати.
Нашите специјалисти го следат вашиот прогрес во лекувањето секој месец преку бесплатни месечни контроли, за да обезбедат најдобри можни резултати.
Доколку се наоѓате во напредната фаза на опаѓање на косата најдобро можно решение би било трансплантација на коса. Трансплантација на коса ја изведуваат врвни пластични хирурзи со долгогодишно искуство – дел од нашиот медицински тим, акредитирани членови на na ISHRS – International Society of Hair Restoration Surgery.
На крајот од активниот третман нашите специјалисти ви ѓи презентираат постигнатите резултати преку споредување на вашите фотографии од моментот на започнување на терпијата до вашата последна контрола.
101hair.mk е еден од светски водечките веб страници за опаѓање на коса – ние работиме посветено на секојдневно ажурирање на информациите кои се однесуваат на најнови истражувања, студии, иновации и останати информации поврзани со опаѓањето на косата, можностите за нови ефикасни и ефективни третмани вклучително и можности за навремена превенција на опаѓањето на косата преку најразлични совети и стручни препораки.
101 Foot Clinic
101 Foot Clinic е еден од водечките центри за лечење на заболувања на ноктите и стапалата.
101 Body Clinic
101 Body Clinic е еден од водечките центри за третман на естетски проблеми на лицето и телото.