ПОСТПОРОДИЛНА АЛОПЕЦИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е постпородилна алопеција?

Додека доењето често се обвинува за губење на косата, сепак нема докази кои сугерираат дека доењето предизвикува или го зголемува опаѓањето на косата во постпарталниот период. За жал, ова е симптом што ќе го доживеат скоро сите мајки. Иако оваа состојба може да стане екстремна (наречена Postpartum alopecia или постпородилна алопеција), сепак, некое губење на косата е нормален и природен дел од породувањето.

Повеќето мајки ќе го доживеат овој симптом околу третиот месец по раѓањето. Може да трае со недели или месеци, во зависност од тоа колку долго трае циклусот на косата. Честопати, мајките забораваат дека се наоѓаат во постпородилен период и не размислуваат дека ова е последица и е поврзано со породувањето.

Што предизвикува постпородилна алопеција?

Можеби сте забележале дека за време на бременоста вашата коса изгледа прекрасно – поцелосно и поживописно отколку во други периоди од животот.

Една од причините е тоа што веројатно во текот на бременоста сте користеле пренатални витамини. Кои и помагаат на нашата коса да изгледа најдобро.

Друга причина е што кога сте бремени, се продолжува фазата на мирување во која се наоѓа дел од косата и губите помалку коса. Ова се нарекува телогена фаза. Затоа, после породувањето, започнувате да ја губите целата коса што не сте ја изгубиле додека сте бремени. Губење на косата и нејзин повторен раст, веројатно, ќе бидат најочигледни во пределот над челото. До колку густината на косата во текот на бременоста била искучителна, тогаш во периодот после породувањето, како резултат на опаѓањето, густината може да се намали драматично.

Кај бремени жени, жени во пост породилен период и жени во менопауза, естрогенот е водечки хормон кој влијае на растот на косата.

За време на бременоста, вашето тело ја зголемува количината на естроген што го произведува. Сигнализирајќи дека повеќе фоликули влегуваат од фазата на мирување во фазата на раст, во циклусот на раст на косата. За тоа време, може да забележите поцврста и погуста коса. Може да забележите и дека вашата коса расте значително побрзо за време на бременоста отколку пред да забремените.

По раѓањето, нивото на естрогенот опаѓа (враќајќи се на нивото пред бременоста). Ова предизвикува фоликулите на косата да влезат во фазата на мирување. По околу 100 дена во фазата на мирување, косата почнува да опаѓа.

Покрај промените во естрогенот и прогестеронот во постпарталниот период, стресот и исхраната влијаат на нивото на хормоните. Што исто така може да влијае на растот на косата. Тироидитис, предизвикан од воспаление на тироидната жлезда, доведува до нерамнотежа на хормонот на тироидната жлезда. Што исто така може да влијае на растот на косата.

Методи на третирање на постпартална алопеција

Губење на косата по породувањето се случува многу често. Оваа форма на опаѓање (постпартална алопеција или постпородилна алопеција) се категоризира како телоген ефлувиум и се смета за нормална после породувањето. Во повеќето случаи, опаѓањето се стабилизира спонтано и косата нормално се обновува за 5-6 месеци.

Сепак, кај голем процент на жени косата не се обновува. Ова се најчесто жени кои имаат наследна предиспозиција за опаѓање на косата. Кај нив, ова опаѓање на косата може да биде почетна фаза во развојот на женската наследна ќелавост.

Ако сепак ви опаѓа поголема количина на влакна, консултирајте се со трихолог – експерт за губење на косата. Опаѓањето на косата може да биде знак и на други постпартални проблеми, како што е хипотироидизам. Ако сè уште губите коса околу првиот роденден на вашето бебе, задолжително јавете се на вашиот трихолог – специјалист за опаѓање на косата.. Обично губењето на косата не треба да трае толку долго во постпородилниот период

Со помош на трихолошката анализа на косата може да провериме дали косата е нормално обновена после породувањето. Меѓутоа, ако косата продолжи да опаѓа континуирано и по 3 месеци и не се обновува, тогаш третман на косата е неопходен. Ласерската биостимулација, како и мезотерапијата на косата во комбинација со 101 терапијата помагаат при оваа форма на опаѓање на косата.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Hair Clinic

Животот не е совршен, но твојата коса може да биде!

101 Hair Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни трихолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ