СТАРЕЧКА АЛОПЕЦИЈА - 101 Hair Clinic

Преглед на Проблемот

Што е тоа старечка алопеција?

Дали сте забалежале дека со текот на времето вашата коса полека се истенчува? Дали гледате зголемена ниво на оштетена коса? Може да страдате од старечка алопеција, состојба која ја скратува фазата на раст на косата и ги принудува фоликулите да поминат во фаза на мирување побрзо од вообичаеното.

Што предизвикува старечка алопеција?

Старечката алопеција е природна состојба која доаѓа со возраста и резултира во опаѓање на косата. Ова постепено опаѓање на косата е предизвикано од скратената фаза на раст на косата, што доведува до повисока стапка на опаѓање на косата. Останатите влакна се задржуваат во фаза на хибернација (телегена фаза) и потоа брзо се опоравуваат. Старечката алопеција предизвикува косата не само да се истенчи, туку и да биде пократка заради оваа пократка фаза на раст.

Животниот циклус на влакното има три специфични фази: анагена, катагена и телогена.

  • Анагената фаза е фаза на раст; ова е кога влакно излегува од фоликулот и започнува нормалниот раст на косата. Во зависност од вашата генетика, оваа фаза може да трае помеѓу две и шест години.
  • Катагената фаза опфаќа краток период кој трае помеѓу 2-3 недели. Во овој период, фоликулите се подготвуваат ѕа фазата на одмор. Околу 3% од вашата коса се наоѓа секогаш во катагена фаза.
  • Телогената фаза е позната како „фаза на одмор“ бидејќи нема раст во овој период. Нормално е во телогената фаза да опаѓа околу 25-100 влакна секој ден, а оваа фаза може да трае повеќе од 100 дена за здрава коса. Старечката алопеција предизвикува нормалната коса многу брзо да ја достигне телогената фаза и потоа пребрзо да ја напушти телогената фаза (преку опаѓање).

Методи на третирање на инволуциона алопеција

Во зависност од фазата на инволуциона алопеција, нашите трихолози можат да посочат различни методи на третирање.

Фотобиостимулацијата на косата и мезотерапијата на косата се водечки методи кои можат да го стимулираат растот на новата коса, додека тониците од линијата 101 можат да ја вратат косата во нормалниот физиолошки циклус.

Ако забележите промена во вашата коса со текот на времето, може да страдате токму од оваа форма на губење на косата. Консултирајте се со вашиот трихолог најпрво за да отфрлите какви било медицински и здравствени состојби кои може да бидат причина за губење на косата.

Протокол на третман

Трихолошка Анализа

Анализа на косата и кожата на главата со помош на трихоскоп и примена на најнов трихолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План на Третман

Врз основа на формата и стадиумот на алопеција, нашите трихолози изработуваат индивидуализиран план на третман кој опфаќа комбинација од 101 формули за домашна употреба и професионални третмани кои ги добивате во нашиот центар.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите трихолози го следат индивидуалниот напредок и преку фотографии го споредуваат резултатот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи