Што е напреден PRP третман на коса?
Напредниот PRP третман на коса е иновација во третманите за стимулирање на раст на косата. Благодарение на истражувањето спроведено во Јапонија, оваа софистицирана техника неколкукратно го надмина класичниот PRP третман. Овој метод всушност се заснова на биоинтелигентни фактори на раст програмирани да го сигнализираат фоликулот на косата за да се продолжи фазата на раст на косата. PRP плазмата со биоинтелигентни фактори на раст е засилена со два сигнални пептиди кои се користат во највисока дозволена концентрација. А чија директна функција е микро-вазодилатација на ниво на фоликулите на косата.
PRP плазматскиот серум содржи: фактор на раст добиен од тромбоцити (PDGF), трансформирачки фактор на раст (TGF), фактор на тромбоцитен интерлеукин (IL), фактор на ангиогенеза на тромбоцити (PDAF), фактор на раст на васкуларниот ендотел (VEGF), епидермален фактор на раст (EGF) , фактор на раст на инсулин IGF и фибронектин. Плазма серумот исто така е зајакнат со два сигнални пептиди, имено W3 пептид и GHK’Cu пептид.
Кои се придобивките од напредниот PRP третман на коса?
- Она што го прави напредниот PRP третман на коса пософистициран и поефикасен во споредба со класичниот третман со PRP се концентрацијата на фактори за раст и комплементарни сигнални пептиди. Во напредниот PRP третман на коса, концентрацијата на факторите за раст и сигналните пептиди е во максимално дозволената концентрација. А, што е всушност околу 10 пати поголема од концентрацијата во класичната PRP плазма. Во класичната PRP плазма, нема пептиди кои се одговорни за стимулирање на раст на косата и зголемување на дијаметарот на косата.
- Друга предност на напредниот PRP третман на коса е тоа што, благодарение на јапонската иновација, крвавите инекциони процедури се заменети со плазма богата со фактори на раст и пептиди. Оваа плазма се инектира со помош на специјално дизајниран и прецизен микро-електро уред, така што факторите за раст и пептидите се инектираат во самиот корен на косата каде што се најпотребни. Со помош на електростимулација со ниска фреквенција (што трае околу 20 минути од инектирањето на напреден PRP плазматски серум), стопроцентно е искористувањето на факторите за раст и пептидите во фоликулот на косата.
- Трето, и најважно, научните истражувања ја потврдија ефективноста на класичниот третман со PRP кај мускулно-скелетни заболувања. Но, не и кога станува збор за стимулирање на растот на косата. Според научните истражувања објавени во NCBI, само факторите за раст во класичниот третман на PRP за коса немаат, или имаат мошне мал занемарувачки ефект врз повторното растење на косата. Затоа, напредниот PRP третман на коса, покрај факторите на раст, содржи и два сигнални пептиди. Кои се одговорни за стимулирање на раст на косата и подобрување на квалитетот и структурата на косата.
Напредниот третман со PRP за коса ја враќа „минијатуризацијата“ на фоликулите на косата погодени од DHT (дихидротестостерон) и генетиката.
Кога може да се очекуваат резултати?
Резултатите од третманот може да се видат во рок од неколку месеци. Клиентите можат да продолжат со нормални активности после третманот. Овој третман овозможува косата да се врати во нормален циклус на раст. Како резултат, густината и квалитетот на косата се зголемуваат, а стапката на опаѓање на косата значително се намалува.
Кој кого препорачуваме напреден PRP третман на коса?
Напредниот PRP третман на коса е одличен третман кој го препорачуваме како кај мажи така и кај жени. Од нашето досегашно искуство, со сигурност можеме да кажеме дека третманот обезбедува интензивен раст на косата, подобрување на структурата на постоечката коса како и зголемување на дијаметарот (густината) на влакното. Значи станува збор за комплетен третман на стимулација на нова коса и згуснување на постоечката коса.
Дали напредниот PRP третман за коса може да се комбинира со други третмани за коса?
Напредниот PRP третман може да се комбинира со ласерска терапија за раст на косата (LLLT), додатоци за раст на косата и локална 101 терапија против опаѓање на косата. На клиентите им се препорачува да продолжат со хербални ДХТ блокатори после третманот со PRP.
Што добивате со PRP третманот на коса во 101 Hair Clinic?
- побрз раст на косата
- згуснување на постоечката коса
- стимулација на фоликулите на косата за повторна репликација
- пенетрација на хранливи материи во фоликулот за стимулирање на раст на косата
- неинвазивна и безболна процедура