Трихолог е експерт за проблеми и нега со косата и скалпот кои може да се појават во различни облици. Преку зголемено опаѓање на косата или иритација на скалпот. Проблемите со косата може да се поделат во три категории:

  • проблеми со опаѓање на косата
  • проблеми со скалпот
  • проблеми со квалитетот на влакното

Секој од овие проблеми бара сериозен пристап на третман. Проблемите со опаѓање на косата вклучуваат различни форми на алопеција. Додека проблеми со скалпот може да се појават во форма на себореа, првут, фоликулитис. Ако косата е премногу масна, сува или тенка, таа исто така бара посебна грижа.

Кога се појавуваат проблеми со косата, погрешно е да побарате совет од фризер. Или самостојно да купувате производи за нега. Фризерот можеби е експерт за фризура и боење на косата, но нема целосен увид во здравјето на косата и скалпот. На пазарот сигурно има квалитетни маски и балсами кои помагаат во обновувањето на косата. Но не одговараат на сите типови коса.

Кога е време да посетите трихолог



Ако забележите дека вашата коса е безживотна и слаба, зголемено опаѓа или пука, потребен ви е стручен совет од трихолог. Нормално е да губите помеѓу 70-100 влакна дневно. Исто така, вообичаено е косата да опаѓа повеќе во текот на сезонските периоди. Меѓутоа, ако забележувате влакна насекаде околу вас подолг период, за жал, имате причина да се грижите. Побарајте стручна помош од трихолог, бидејќи понекогаш превенцијата е единствениот лек против ќелавост.

Покрај андрогената алопеција или наследна ќелавост, која е најчеста причина за губење на косата кај мажите и жените, телоген ефлувиум е исто така чест проблем, кој исто така се нарекува стресна ќелавост, бидејќи нејзиниот предизвикувач е ненадеен или акумулиран стрес. Друга форма на ефлувиум е анаген ефлувиум, кој е предизвикан од цитостатици и разни токсини.

Во основа, секоја невообичаена промена на косата или скалпот е добра причина да се направи трихоскопија.

Трихолошка анализа

За да се утврди точната причина за опаѓање на косата се изведува трихолошка анализа или трихоскопија Овој модерен метод е од клучно значење за понатамошниот тек на третманот и се изведува со помош на трихоскоп. Тоа е уред кој се состои од камера поврзана со специјален софтвер и монитор.

Трихологот ја става камерата на главата на клиентот и со нежни движења ја поминува низ целиот скалп. Тој добива зголемена слика на скалпот на мониторот, што му овозможува правилно да ги забележи сите промени на косата и скалпот.

Секоја коса е специфична и уникатна. Покрај внатрешните или медицинските фактори, на нејзиниот квалитет може да влијае и надворешната средина, разните третмани и препарати. Гледањето на поголемата слика за проблемите со косата и причините што можат да бидат причина за нејзино губење или оштетување се гарантиран пат до успешен третман против опаѓање на косата.

101 Hair Clinic е меѓународно акредитиран трихолошки центар

101 Hair Clinic е меѓународно акредитиран трихолошки центар од страна на Институтот за истражување на кожа и коса во Пекинг. Нашите професори по клиничка трихологија, нашите трихолози и останатиот стручен кадар е акредитиран од страна на Институтот за истражување на кожа и коса.

Доколку имате проблеми со косата или скалпот, советуваме навреме да се обратите на нашиот искусен тим. Колку порано започнете со третирањето на Вашиот проблем, толку подобри се изгледите за успешен третман и максимално видливи резултати во стимулација на раст на косата.