Првут на глава е една од најчестите проблематики со кои се среќаваме во нашата клиника.

Облечете ја омилената црна маица и погледнете последен пат во огледало пред да излезете. Наместо задоволство, белите снегулки што ги гледате на рамената и косата предизвикуваат фрустрација и непријатност. Додадете ја на тоа постојаната потреба да ја чешате главата и повеќе би сакале да останете дома, или да ставите капа или шал.

Дали ви звучи познато ова сценарио? Ако е за утеха, тоа им се случува и на другите.

Зголемениот број на бели лушпи на скалпот и косата, често придружени со чешање, е непријатност што им се случува на речиси сите.

Првутот не избира пол и возраст, така што може да се појави и кај мажи и кај жени од било која возраст. Тоа е резултат на нарушување на влажноста на скалпот. Сув скалп, бели лушпи и чешање – ова се знаци дека имате првут. Ако не се повлече и не успеете сами да се ослободите од првутот, најдобро е да побарате стручна помош од специјалист за коса – трихолог.

Што е првут на глава?

Првут (Pityriasis simplex capillitii) е одлупување и испаѓање на остарените површински клетки од епидермисот на скалпот.

Првутот е често пореметување на кожата на скалпот, зафаќајќи речиси половина од популацијата после пубертет независно од полот или етничката припадност. Секој припадник на било која популација во било кој географски регион бил зафатен со првут во некоја фаза од животот. Сериозноста на првутот флуктуира сезонски и често се влошува во зимските месеци.

Докажано е дека кератиноцитите (клетките од епидермисот на кожата) имаат клучна улога во експресијата и формирањето на имунолошките реакции во тек на создавањето на првутот.

Зошто се појавува првут?

Наследните фактори и сувата кожа се вообичаени причини за првут. Ако вашите родители и блиски роднини се склони кон лупење на скалпот, не треба да бидете изненадени од појавата на бели лушпи во вашата коса. Исто така, ако имате сува кожа, најверојатно ќе добиете првут во одреден момент од вашиот живот.Улогата на габичките од тип Malassezia е широко прифатена уште од 1946. Кај првут и себореичен дерматит, нивоата на габичката се покачуваат двојно повеќе од нормално. Можеби ги сакате морето и плажата, но вашата коса не ужива толку многу во летото. Ова јасно ќе ви покаже зголемен првут по летото, бидејќи изложувањето на сонце, солта и хлорираната вода го сушат скалпот, што се идеални услови за појава на првут. Изложеноста на претерано ниски температури влијае на косата на ист начин, затоа не заборавајте да носите капа во зима.

Честото миење на косата со топла вода, агресивни шампони и производи за нега, исто така, може да предизвикаат и интензивираат лупење на скалпот. Првутот може да се појави и поради недоволна хигиена на косата и скалпот. Потоа мртвите клетки на скалпот се задржуваат и се акумулираат во косата.

Боите за коса може да го иритираат скалпот и да предизвикаат црвенило, чешање и првут.

Врз здравјето на скалпот и појавата на првут влијаат и исхраната, начинот на живот и прекумерниот стрес. Првутот е придружник на невролошки заболувања, како што е Паркинсоновата болест, како и сите состојби што го нарушуваат имунолошкиот систем.

 

Првут или себореичен дерматитис, која е разликата?

Обичниот првут е прилично безопасна состојба, која, покрај тоа што предизвикува непријатност, не е повеќе од естетски проблем со косата. Го препознавате по сувиот скалп кој се лупи на некои делови или низ целиот скалп.

Сепак, понекогаш лупењето на скалпот може да биде придружено со воспалителен процес.

Првутот на скалпот може да се манифестира како зголемен изглед на бели или жолтеникави лушпи на главата, со појава на чешање и црвенило. Во тој случај, тоа значи дека имате себореичен дерматитис, кој се карактеризира со прекумерно мастење на скалпот и косата.

Себореичен дерматитис во благи случаи дава слика на благ првут на одредени делови од скалпот или може да формира голем број жолтеникави лушпи низ целиот скалп, додека кожата станува иритирана и масна. Почесто се јавува во зима, на деловите на косата над вратот, околу ушите и челото. Зголемената влажност, чешање и други механички влијанија заедно со емоционален стрес може да предизвикаат влошување на себореичниот дерматитис. Себореичниот дерматитис ве тера да се чешате, а чешањето ја влошува ситуацијата, и така запаѓате во еден маѓепсан круг.

 

Дали првутот е заразен и дали може да се пренесе на други?

Лупењето на скалпот обично не е сериозен проблем, се додека не се појави црвенило и иритација. Добрата вест е дека првутот не може да се пренесе. Габата Malessezia, која предизвикува првут, е широко распространета, така што секој ја има на скалпот во помали количини.

Така, не можете да добиете првут од некој друг или да заразите некого преку перници, чешли или гардероба.

Интересно е што првутот се јавува најмногу во зима, бидејќи е нарушена природната заштита и влага на скалпот. Статистиката исто така вели дека првутот повеќе ги сака мажите, па кај нив се среќава почесто.

 

Првут и губење на косата

Често се поставува прашањето дали првутот може да предизвика губење на косата. Одговорот е за жал да.

Појавата на првут укажува на нарушен pH баланс и одредени проблеми со скалпот. А, знаеме дека само здравиот скалп е добра основа за здрава и силна коса. Покрај тоа, првутот често е придружен со чешање, така што чешањето може да предизвика гребнатини и повреди што може да се инфицираат.

Затоа, иако се смета за безопасен, проблемот со првутот во косата треба да се сфати сериозно и да се најде решение што е можно поскоро.

 

Како да спречите првут на глава?

Кога знаеме како се појавува и што го предизвикува, тогаш е лесно да се спречи појавувањето на првутот. Редовната хигиена на косата со соодветни шампони и препарати ќе ја зачува оптималната влага на скалпот и ќе го запре зголемениот првут.

Заштита на вашата коса од прекумерна топлина, студ, сол или хлорирана вода, агресивни производи за стилизирање, здрава исхрана, доволно спиење и релаксација е сигурен начин за одржување на здрав скалп.

 

Повеќето шампони против првут го засилуваат! Да, добро прочитавте

Вистинско чудо е што голем број луѓе имаат проблем со првут на скалпот, имајќи предвид дека во секој маркет и аптека може да се најдат десетици шампони против првут од различни производители.

Оваа констатација не води до логичен заклучок дека шампоните против првут не секогаш ја вршат својата работа. И врз основа на нашето долгогодишно искуство, тврдиме дека повеќето од нив не само што нема да го отстранат првутот, туку можат значително да ја влошат состојбата.

Пред да купите шампон против првут, сигурно треба да знаете дали станува збор за обичен првут, себороичен дерматитис или псоријаза. Затоа е важно да се консултирате со експерт за изборот на шампон. Понекогаш е неопходно да се комбинираат неколку препарати за успешна борба против првутот.

Наша препорака се природни хербални шампони, без штетни хемикалии и состојки кои го смируваат скалпот и ја балансираат неговата влага на природен и неагресивен начин.

 

Третман на првут на глава и себореичен дерматитис

Третманот на првут во косата обично вклучува комбинација од неколку методи и препарати. Откако трихологот ќе ја дијагностицира и открие причината за првут на скалпот, тој создава индивидуален план за третман на првут.

Третманот на првут обично започнува со благ неагресивен пилинг на скалпот, со цел да се отстранат мртвите клетки без иритација и нарушување на оптималната рамнотежа. Во исто време, се применуваат хербални препарати богати со минерали, витамини и антиоксиданси за да се врати pH вредноста на кожата на главата.

Најсовремените методи и третмани за првут што ги применуваме го хидрираат скалпот, што е неопходно за скоро сите, бидејќи модерниот начин на живот и агресивните шампони полни со штетни состојки го сушат скалпот и поттикнуваат појава на првут.

Резултатот од третманот против првут е чиста, здрава и силна коса. Со дополнителни стручни совети, ќе научите како да ја сочувата косата здрава, чиста и без првут.