Акни на главата не се невообичаена појава. Секоја личност го имала овој проблем барем еднаш во животот. Меѓутоа, постојат луѓе кај кои мозолчињата на главата се хронична појава. Што не е лесно да се реши без стручна помош.

За разлика од акните и мозолчињата кои се појавуваат на лицето и телото, мозолките на главата се потешки за лекување поради влакната. Постојат специјални препарати и лекови кои се користат за терапија. Но не треба да се земаат на своја рака. Затоа што резултатите може да изостанат или дури да се влоши состојбата.

Мозолчињата на главата се естетски проблем. Понекогаш тие поминуваат спонтано. Но, можат да се развијат во потешка форма. Тие можат да се појават каде било на главата. Најчесто се забележуваат кога почнуваат да чешаат и болат. А тогаш е време да побарате помош од трихолог.

Зошто доаѓа до појава на акни на главата?

Причините за појава на мозолчиња и акни на главата можат да бидат различни. Од надворешни фактори, неправилна хигиена и исхрана до бактериски и габични инфекции.

Нивната појава може да биде индуцирана и од одредени болести.  Како што се болести на бубрезите, дијабетес, хормонални промени.

Стресот истотака може да биде предизвикувач на мозолчиња, како и употребата на несоодветни шампони, маски, регенератори и спрејови за коса.

Во зависност од причината, тие можат да се манифестираат како мали црвени мозолчиња, гнојни акни, цисти, красти или осип.

Акни на главата обично се јавуваат како резултат на зголемената работа на лојните жлезди, како и кај другите делови од телото.

Лојните жлезди се наоѓаат подлабоко во кожата, долж коренот на влакното. Себумот кој се лачи од лојните жлезди поминува низ фоликулот на влакното односно порите.

Кога секрецијата на себум е зголемена, може да се појави затнување на порите и формирање на мозолчиња. Маснотијата останува заробена во порите, што е погодно тло за размножување на бактерии и се јавува воспаление на фоликулите на косата – фоликулитис.

Разликуваме инфективен и неинфективен фоликулитис и перифоликулит.

Инфективниот фоликулитис е предизвикан од бактерии и габи, најчесто Staphylococcus aureus, а понекогаш може да биде предизвикан од вируси и микропаразити.

Се манифестира како мали бели или црвени гнојни мозолчиња на коренот на косата, а инфекцијата може да се шири и да ја покрие целата површина на главата во форма на осип придружена со чешање и болка. Тешките форми на фоликулитис може да предизвикаат опаѓање и лузни на косата ако се уништи фоликулот на влакното.

Кога е време да побарате стручна помош?

Благите или почетни форма на фоликулитис може да останат незабележани, бидејќи мозолчињата се покриени со влакна.

Присуството на акни на главата обично се забележува со допир, при миење коса, чешлање или кога почнуваат да чешаат.

Не секоја форма на фоликулитис е причина за тревога, но состојбата треба да се следи и ако мозолките не се повлечат спонтано, време е да се посети трихолог.

Особено е штетно да се исцедат мозолчињата на главата бидејќи може да се појават красти и да се прошири инфекцијата.Никогаш не треба да преземате самостојно лекување, да ставате разни креми или масла, бидејќи иако имаат антивоспалителни својства, тие можат да предизвикаат контра-ефект со дополнително затворање на порите.

Третман на фоликулитис во 101 Hair Clinic

Нашата препорака е природни препарати наместо кортикостероиди.

Растителниот препарат 101E Acne Getaway е исклучително ефикасен во решавањето на овој проблем. Овој сосема природен препарат има силно антиинфламаторно и антибактериско дејство, ги чисти порите, го регулира лачењето на себум, ја забрзува циркулацијата и го намалува чешањето за само седум дена.

За секојдневна употреба, препорачуваме pH неутрален растителен шампон 101 Oil Control, кој има нежен ефект врз скалпот и длабински го чисти. Косата ја враќа виталноста, сјајот и природниот изглед и лесно може да се обликува.

Од третманите, фантастични резултати имаме со ЛЕД фототерапијата со сина светлина, која ги неутрализира бактериите, ја чисти кожата, го регулира мастењето и делува смирувачки на кожата на главата.

Најдобри и најбрзи резултати се постигнуваат со комбинација на растителни препарати и ЛЕД терапија.

Јавете ни се ако имате дополнителни прашања. Нашите експерти детално ќе се посветат на вашиот проблем и ќе го препорачаат најефикасното решение.