Имам проблеми со намалена функција на тироидна-та жлезда. Ми го дијагностицираа проблемот пред повеќе од 6 месеци и веќе примам терапија а целокупната состојба ми се подобрува. Но, косата нагло почна да ми опаѓа пред неколку месеци и не престанува да опаѓа. Навистина сум уплашена за мојата коса затоа што почна и да ми се проретчува. Дали можете да ми помогнете?

OДГОВОР ОД ТРИХОЛОГ:

Проблемите со тироидна жлезда се една од најчестите причини за опаѓање на косата кај жени. Особено намалената функција на тироидната жлезда дава изразено опаѓање на косата, поради пореметување на циклусот на раст на влакното.
Неопходно е да се третира примарниот проблем, значи да се прима терапија за тироидната жлезда во координација со ендокринолог, како што веќе сте направиле. Иако понекогаш и со терапијата се регулира опаѓањето, за жал не е секогаш така.Кај некои жени косата продолжува да опаѓа иако триодните хормини се стабилизирани.

Често проблемот со косата мора да се регулира локално, значи со адекватни производи локално на скалпот. Затоа што тироидниот дисбаланс трае долго време и последиците по косата може да бидат долгорочни. Се јавува првично дифузно истенчување, значи ослабнување на целата коса, а функцијата на коренот значително ослабнува. Понатаму настапува и трајно губење на косата. Освен губењето на косата, жените со проблеми со тироидна имаат и изразена сувост и кршливост на косата, па е потребна интензивна нега на косата. Значи , проблемот со тиродината жледа е комплексен за решавање сам по себе па врзано со него и проблемот со косата.

Неколкумесечен третман со 101 тоници за стопирање на опаѓањето и стимулација на растот на косата е неопходен.101 HAIR ви нуди тоници на база на 100% природни хербални екстракти. кои го регулираат циклусот на влакното и овозможуваат продолжување на фазата на раст на влакното со што директно се намалува и стопира опаѓањето на косата.

Ласерска биостимуалација дава уште побрзи и подобри резултати и косата може целосно да се поврати ако треманот е навремен.