Опаѓањето на косата кај жени е можне сложен процес кој сеуште не може до крај да биде научно објаснет.

Кај жени постојат три обрасци на наследното губење на косата кои се различни отколку кај мажи. Жените не оќелавуваат ниту пак имаат повлекување на фронталната линија. Кај жените најчесто се јавува ослабнување на косата на круната на главата, и се забележува поголема провидност на скалпот.

Женската андрогенетска алопеција има три различни шеми на дистрибуција:
1.Дифузно ослабнување на круната со зачувување на фронталната линија.
2.Ослабнување и проширување на централниот дел од скалпот со прекршување на фронталната линија
3.Ослабнување со битемпорална рецесија

Патофизиологијата на андроегнетската алопеција кај жени е покомплексна отколку кај мажи. Генетиката и андрогените хормони имаат улога но механизмот на дејство е различен . Smith and Wells објавија фреквенција на женската наследна ќелавост со инциденца од 54% кај машки роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години и 21% кај женски роднини од прв степен на возраст повеќе од 30 години.

Улогата на андрогените хормони кај жени не е потполно објаснета, иако губењето на косата кај жени е неспорно поврзано со зголемено ниво на андрогени. Меѓутоа, многу жени со андрогена алопеција немаат зголемено ниво на циркулирачки андрогени, иако се покажало дека имаат зголемено ниво на 5-алфа редуктаза (ензим кој го претвора тестостеронот во дихидротестостерон), повеќе андрогени рецептори и пониско ниво на цитохром П450 (кој го претвора тестостеронот во естроген).

Опаѓањето на косата кај жени може и треба да се третира а успехот во третманот е одличен. Со 101 терапија , ласеркса биостмулација и мезотерапија, го стпораме дејството на андргоените хормони и ја стимулираме функцијата на фоликулот.101 HAIR ви нуди тоници на база на 100% природни хербални екстракти. кои го регулираат циклусот на влакното и овозможуваат продолжување на фазата на раст на влакното со што директно се намалува и стопира опаѓањето на косата.

Со тоа фоликулот повторно станува поголем ,влакното поцврсто и подебело, а густината на осата се враќа во нормала.