Сезонско-то опаѓање на косата се јавува типично во есен,особено во октомври. Може да опаѓаат и до 150влакна на ден. Ниту еден период на сезонско опаѓање на косата не треба да трае повеќе од четири до пет недели, по што новата коса треба да почне повторно да расте. Откако ќе престане сезонското опаѓањe, вашата коса најчесто целосно се обновува и регенерира. Иако кај личности со постоеско проретчување тој потенцијал за обновување е послаб.
Затоа е добро да и помогнеме малку на косата во процесот на повторен раст.

СКРАТЕТЕ ЈА КОСАТА
За новата сезона дајте и на косата нова форма согласно новите трендови. Кратењето ќе ги отстрани расцветаните, и крути краеви и ќе и даде волумен на косата. Косата ќе изгледа здраво и сјајно и живо.

ДОБРА ХИДРАТАНТНА МАСКА Е НЕОПХОДНА
Користете добар шампон и маска за да ја зачувате влажноста на влакнотот. Ќе забележите подобрување кшпосле неколку миења. Не ја мијте пречесто косата. Независно од сезоните, 2-3пати неделно е сосем доволно да се мие косата

ОДБЕГНЕТЕ ПРЕМНОГУ АПАРАТИ ЗА СТИЛИЗИРАЊЕ
Намалете го исравуањето виткањето на косата. Топлинските апарати се одлични за феноманална фризура за излегување но пречестото користење не е добро за влакното. Константното шокирање на косата со екцесивна топлина јаелиминра водата од влакното и го оштетува,особено кај веќе фарбата коса.

ВНИМАВАЈТЕ НА ХРАНАТА
Здравјето на косата е поврзано со тоа што консумираме, па косата е одраз на нашата исхрана. Јадете многу протеини свежо овошје и зеленчук. Ако треба додадете и суплементи за коса.

КОРИСТЕТЕ ТОНИЦИ ЗА РАСТ НА КОСАТА

Локална терапија со тоници со стимулативни состојки, ќе и помогнат на косата побрзо да израсне и ќе и обезбедат оптимален квалитет и густина.

Ако косата не се обнови и не израсне, веднаш обратете се на нашите трихолози. Некои форми на губење на косата може да резултираат во брзо опаѓање на косата и нејзино проретчување со трајни последици, а опаѓањето може да почне токму во есен.