Анемија претставува состојба на апсолутно намалување на црвените крвни зрнца. Односно на концентрацијата на хемоглобин. Овој недостиг предизвикува здравствени проблеми, затоа што благодарение на хемоглобинот се овозможува транспорт на кислородот до сите ткива во телото. А без кислород, не е можно нормално функционирање.

Се чувствувате уморни, истрошени, под притисок и згора на се косата интензивно Ви опаѓа? Не избрзувајте со заклучок дека губењето на косата е последица само на стрес. Или е само генетски затоа што може да биде и повеќе од тоа!

Губењето на косата често е сигнал на бројни медицински проблеми. И може и да е резултат на ниско ниво на црвени крвни клетки и железо во Вашиот систем. Тоа е состојба означена како анемија. Недостатокот на железо кај жени во неколку клинички студии се покажа како чест причинител на губење на коса кај жени кои не се во менопауза, на возраст од 35-50.

Кај жени под 50 години главната причина за губење на косата е нутритивна, и зафаќа 30% од жените. Зголемено и упорно губење на косата (хроничен телоген ефлувиум) и редуциран волумен на косата се основнте симптоми. Главната причина се чини дека се нарушените нивоа на железо, компромитирани од субоптимален внес на есенцијалната аминокиселина л-лизин.
Друга студија на 153 жени со телоген ефлувиум спроведна во периодот 1995-1998 покажа дека недостатокот на железо била причина за губење на косата кај 72% од жените.

На телото му требаат одредени нутритиенти за да произведе хемоглобин и црвени крвни зрнца. И ако има недостаток на некој од тие нутритиенти, се развива анемија. Ако нема доволно железо продукцијата на хемоглобин е ограничена и последично и продукцијата на црвени крвни клетки. Црвените крвни клетки се потребни да носат кислород до секој дел од телото. Анемијата предизвикува послабо снабдување на клетките и ткивата со кислород. Што ја афектира и намалува нивната функција.

Има три типа на анемија кои може да предизвикаат опаѓање на косата.

• Најчеста форма на анемија е анемија поради недостаток од железо. Жените се особено често подложни на недостаток од железо. Поради редовното губење на крв во тек на менструација. Недостатокот на железото се смета за релативно чест прекурсот на опаѓањето на косата кај жени. Всушност 72% од жените со дифузно губење на косата имаат недостаток од железо. Освен интензивното опаѓање на косата, доаѓа и до ослабнувањето на пигментацијата на косата. Поточно косата добива посветла нијанса и станува екстремно сува.

Недостаток од витамин Ц може да води до недостаток на железо, прекумерни количини на кофеин ја намалуваат апсорпцијата на железо од храната, прекумерно конзумирање алкохол исто така го намалува нивото на железо.
Кај полесни форми на анемија добри извори на железо се брокула и грав, зелени листовидни зеленчуци, суво грозје, кајсии, урми, сливи, бадеми, магдонос. Кај посериозни форми на анемија телечки црн дроб, јагнешко, пилешко, остриги, пред се црвено месо.
Но потребен е и внес исто така на доволни количини витамин Ц кој е потребен за подобра апсорпција на железото. Јагоди, цитрон, домати се препорачливи заради добар извор на овој витамин.
Кафе, чај, чоколадо и сладолед, пиво и газирани пијалоци и калциум треба да се одбегнуваат.

• Бакарот се среќава во крвта врзан за протеини и освен што делува во формирањето на меланинот (пигментот кој ја дава бојата на косата) исто така е вклучен и во апсорпцијата, акумулацијата и метаболизмот на железото. Нивоата на бакар се почесто повисоки отколку прениски и тоа може да биде токсично. Прекумерни количини на бакар може да бидат последица на преголеми количини на месо во исхраната, некои контацептивни таблети, пушење, дефициенција на цинк и манган ги покачува нивоата на бакар.

• Анемија како последица на недостаток на витамин Б12, наречена пернициозна анемија е поретка и иако се сретнува и кај млади жени,генерално ги афектира жените и мажите над 40. Исто така предизвикува опаѓање на косата,осветлување на косата и сувост на косата.
Извори на витамин Б12 се млечни производи,квасец и најголем дел од житариците.

Што дополнително можете да превземете освен исхраната?

Знаењето како да се справите со проблемите како анемија и губење на косата ќе ви помогнат да ја избегнете нервозата и депресијата заради прамените коса кои ги гледате во када или на четка. Но понекогаш Ви е потребна дополнителна помош.
101 HAIR за проблеми и нега на коса успешно се справува со губењето на коса предизвикано од анемија. Понекогаш кога постои и генетска основа за губење на косата степенот на проретчување може да биде и посериозен.

Зависно од степенот на ослабнување на косата се препорачуваат различни типови на нутритивни производи богати со витамини, минерали и есенцијални аминокиселини кои локално се нанесуваат на кожата на главата за да се обезбеди директно потхранување на фоликулот на влакното. Постепено се стабилизира опаѓањето на косата, се зајакнува косата и се враќа квалитетот на влакното. Во првите фази од третманите интензивно се оксигенира скалпот за да се обезбеди високо ниво на кислород кој недостасува во периферните ткива кај анемија. 98% чист кислород под притисок се аплицира на скалпот за оптимални ефекти.

Ревитализацијата на косата се постигнува со посебни органски производи кои со помош на ултрасонична сауна длабински го кондиционираат влакното и му ја подобруваат цврстината и еластичноста. Функцијата на фоликулите се подобрува со ласерска биостимулација која енергетски ја оптимизира функцијата на клетките од коренот на влакното кои инаку ослабено работат поради недостаток од кислород и нутритиенти. Постепено на секое ниво, од хемоглобин до целуларна функција се решаваат настанатите проблеми и се добива и здраво тело и силна крв и секако здрава и квалитетна коса!