Врз основа на наведените фактори евалуирајте колку навистина коса сте изгубиле.

Фактор 1 – Типот на опаѓање на коса

Опаѓањето на косата кај мажи се одвива по неколку типа на обрасци. Најчестиот образец опфаќа губење на косата во залистоци. Потоа на теме и полека на круната на главата. Ви ја презентираме Norwood-Hamilton класификација која е еден од нaјчесто користените методи. За да се идентификува колку напреднало вашето проретчување. И во кој стадиум припаѓа вашата ќелавост. Скалата е добра да видите и како би напредувало опаѓањето ако ништо не превземете.

Фактор 2 – Одложување на третманот за коса

Современите третманите против губење на косата се најуспешни кај оние пациенти кои не чекале предолго за да пошнат да го решаваат проблемот со косата. Процесот на опаѓање на косата трае со години. И вистина е дека колку подолго чекате да го спречите, толку потешко ќе биде да ја вратите изгубената коса. Младите мажи кои сега го почнуваат третманот може да бидат првите мажи во историјата кои место да ја изгубат ќе успеат да ја зачуваат својата коса. Запомтете го правилото : каде и да има сеуште коса, можете да ја зајакнете.

Фактор 3 – Евалуирајте колку коса сте изгубиле

Количината на коса која сте ја изгубиле е огромен фактор во одлучувањето кој третман да го почнете. Ако би биле задоволни со густината која ја имате сега, тогаш третман за одржување е доволен,значи шампон и добри навики на нега на косата и здрав животен стил. Но ако сте изгубиле доста коса и е забележливо визуелно проретчување тогаш е потребна интензивна терапија, која вклучува тоници за стимулација на растот,л асерска биостимулација или мезотерапија. Ако имате трајно изгубена коса, тогаш може да бидете кандидат и за трансплантација.

Ако Ви е потребна помош во евалуацијата и планирање на третманот за раст на коса обратете се на нашите трихолози за адекватен третман за вашиот случај.