Оралните контрацептиви се синтетичка комбинација од хормоните прогестерон и естроген. Ја спречуваат овулацијата, а со тоа и можноста за оплодување, преку одржување на константни нивоа на овие хормони. Како резултат на тоа, јајниците не ја ослободуваат јајце клетката и нивоата на естроген не се покачуваат.

После оддобрувањето од страна на Американската агенција за контрола на храна и лекови во 1960, оралната контрацепција стана една од најпознатите форми на контрола на бременоста. На милиони жени им се препишуваат таблети за контрацепција. Но многу мал број од нив се свесни дека оралните контрацептиви се чест предизвикувач на опаѓање на косата. Исто така понекогаш токму контрацептивите се препишуваат за поттикнување на растот на косата. Ова создава една конфузија кај жените за значењето и влијанието на оралните контрацептиви за косата.

Оралните контрацептиви можат да предизвикаат опаѓање на косата кај жени, преку два различни механизми. Едниот е преку опаѓање на косата индуцирано од лекарството (таблетите контрацептивни). Другиот е преку активирање на женската наследна ќелавост. Тоа се два комплетно различни механизми и две комплетно различни состојби.

Речиси секој лек има потенцијал да предизвика опаѓање на косата. Но оралните контрацептиви се особено имплицирани во процес означен како телоген ефлувиум или дифузно губење на косата. Во основа на механизмот на дејство на оралните контрацептиви е скратување на фазата на раст на влакното (анагената фаза) и премин на влакната од фаза на раст во фаза на опаѓање (телогена фаза). После завршување на телогената фаза која трае 2-3 месеци почнува спонтано и интензивно опаѓање на косата. Нормално 10-15 % од косата е во фаза на опаѓање истовремено во одреден момент. Но кај телоген ефлувиум предизвикан од контрацептиви може дури 50% од косата да премине во телогена фаза! Поради тоа огромни количини на коса опаѓаат како што го поминуваат краткиот телоген циклус.

Интересно е што телогениот ефлувиум може да се јави со почнување на примањето на контрацептивите. Може да настане при менување на типот на таблети. И секако се јавува и после прекинување на користењето на оваа форма на контрацепција ако била применувана подолго време. За среќа, овој процес може да биде реверзибилен, уверуваат стручните консултанти од 101 Hair клиниката за проблеми со коса и скалп. Кога имплицирачкиот агенс е прекинат или кога скалпот ќе се адаптира на новиот медикамент.

Меѓутоа, ако жената има генетска предиспозиција за губење на косата, тогаш ситуацијата се менува и станува посериозна. Имено оралните контрацептиви кои содржат прогестерон се потенцијални да го зголемат губењето на косата. Поради тоа што се извор на егзогени (надворешни) андрогени хормони. Контрацептивите кои имаат повисоки нивоа на прогестерон во споредба со естроген имаат поголема веројатност да предизвикаат губење на косата. За разлика од телогениот ефлувиум кој се манифестира со зголемено опаѓање на косата, наследната женска ќелавост се карактеризира со намалување на дијаметарот и квалитетот на влакното. Андрогените хормони делуваат на постепено слабеење на косата во медијалната линија на главата. Настанува интензивно истенчување на косата, кршливост и сувост на влакното а мастење на кожата на главата.

Но, како што прогестерон доминантните контрацептиви можат да придонесат за појавата на наследната женска ќелавост, така контрацептивите богати со естроген можат да стимулираат раст на косата. Механизмот на дејство е преку продолжување на фазата на раст на влакното. Проблемот е што овој тип на таблети покажуваат поголема инциденца на одредени нус ефекти.

Американската Асоцијација за проблеми со губење на коса, одобрува дека контрацептивите се безбедна и ефективна форма на контрола на бременост, кои дури клинички се докажани дека имаат и други здравствени бенефити за жените кои ги користат. Сепак Асоцијацијата верува дека е императив за сите жени, особено оние кои имаат историја на губење на коса во својата фамилија, да се запознаат и да се свесни со потенцијалните опасни ефекти на оралните контрацептиви врз нормалниот раст на влакното.

Американската Асоцијација за проблеми со губење на коса, препорачува дека сите жени заинтерсирани за користење на орални контрацептиви за контрола на бременост да користат само таблети со низок андроген индекс, кои Вашиот гинеколог може да Ви ги препорача.

Исто така ако постои силна предиспозиција за наследно, генетско губење на косата во Вашата фамилија,тогаш препораките се да користите друга форма на контрацепција.Секоја жена треба самостојно да одлучи зависно од потребите и во консултација со нејзиниот гинеколог.