Креатинот монохидрат се користи често од страна на спортистите како суплемент кој влијае на тоа како мускулите ја искористуваат енергијата. Употребата на креатин во суплементарна форма се асоцира и со позитивни и со негативни нус ефекти кои зависат од земената количината и времетраењето на консумирањето. Губењето на косата се поврзува со земање на огромни количини креатин.
Креатинот е природна аминокиселина (составна единица на протеините). Кој се среќава во месото и рибата но иста така се произведува и од страна на човечкото тело во црниот дроб, панкреасот и бубрезите. Креатинот е одговорен за правилни телесните функции на мусклулно и клеточно ниво. Според Универзитетот Maryland, креатинот помага во подобрување на спортската изведба. Како и во третманот на состојби како срцеви болести, мускуларна дистрофија, Паркинсонова болест и Хронична опструктивна белодробна болест.
Но независно од овие негови бенефити, сепак новите информации покажуваат дека на растот на косата влијае негативно. И дури може да предизвика губење на косата. Студиите според Clinical Journal of Sports Medicine, покажаа дека креатинот ги покажува нивоата на дихидротестостерон во вашето тело. А ДХТ е главниот причинител за опаѓање на косата. Кој врзувајќи се за рецепторите на коренот на влакното дава сигнали кои го спречуваат нормалниот циклус на раст на косата.
Сепак, за појава на негативни ефекти врз вашето здравје и вашата коса, значајна е количината на креатин која ја земате. И времетраењето на користењето. Повеќето студии не покажуваат значајни нус ефекти од креатинот ако не го земате подолго од 6 месеци. Креатинот од природни извори се смета дека помага во одржувањето на нивото без негативни нус ефекти.
Со оглед на новите информации кои ги добиваме од клиничките студии оваа година, трихолози од 101 Hair препорачуваат внимателно и контролирано користење на креатинот особено младите со прерано губење на косата.
Имајте ги во вид претходно дадените сугестии и совети од стручни лица со цел да спречите дополнителни тригер фактори кои би можеле да индуцираат опаѓање на косата.