Погуста и поздрава коса е желба на секој модерен маж и жена.
Иако е невозможно целосно да се промени структурата на вашата коса. Или вашата коса да порасте неколку инчи во една ноќ. Сепак е возможно да израстете погуста и поздрава коса. За да го постигнете тоа се потребни веројатно промени во начинот на живеење. Кои би ви помогнале да добиете погуста и поздрава коса.
чекор 1
Земајте мултивитамини секое утро. Иако житариците кои ги конзумирате наутро заедно со свежо цеден сок, ќе ви обезбедат мнозинство на витамини и минерали што ви се потребни за здрава коса, мултивитамините ќе го дополнат вашето тело со оние хранливи материи кои недостасуваат или потешко се апсорбираат. Недостатоци на витамини, минерали, протеини и други хранливи состојки може да предизвикаат ослабнување на косата.
чекор 2
Пијте најмалку 8 чаши вода на ден. Mayo Клиниката за проблеми со коса препорачува конзумирање на 13 чаши вода кај возрасни мажи и 9 чаши вода кај возрасни жени. Водата е од витално значење за косата затоа што ги дистрибуира сите потребни хранливи состојки до сите ткива и клетки во телото и овозможува чистење на организмот од токсини.
чекор 3
Јадете посни протеини. Протеините се направени од кератин и аминокиселини. Со цел да се изгради здрава и квалитетна коса, вашето тело има потреба од целосни извори на протеини. Всушност и самата коса е изградена од кератин. Во храна со богат извор на ваков тип на протеини се вбројува риба, пилешки гради, обезмастено млеко, соја и белки од јајца. Исхраната богата со протеини ќе ви помогнеме во растот на погуста и поздрава коса.
чекор 4
Откажете се од пушењето. Пушењето е лошо по вашето здравје, но исто така е лошо и за вашата коса. Во студија спроведена од страна на медицински тим при Универзитетот во Мичиген, САД, било утврдено дека пушењето влијае врз намалување на основните хранливи материи во телото кои се неопходни за раст на косата и може да предизвика опаѓање на косата.
чекор 5
Избегнувајте користење на апарати за пеглање на косата кои поради огромната топлина ќе предизвикаат кинење на вашата коса. Д-р Глен Чарлс, специјалист за проблеми со коса и член на Меѓународното здружение на лекари специјалисти за регенерација на косата, препорачува да ја сушите вашата коса кога тоа е можно единствено со пешкир а по потреба и не толку често со четка и фен без притоа да ја изложувате на пеглање или користење на друг вид на топлотни преси за коса. Ова ќе ви помогне косата да го избегне неприродниот стрес.