Дали опаѓање-то на косата е привремено или трајно зависи од многу фактори и дава различна симптомологија

Од детство па до старост, сите имаме секојдневно нормално опаѓање на коса. Фоликулите на влакната минуваат низ нормалниот циклус на раст. Од фаза на раст, преку фаза на мирување па до фаза на опаѓање. И поради тој цикличен процес 10% од косата е секогаш во опаѓање.

Нормалното опаѓање на косата од *полна глава со коса* изнесува до 100 влакна дневно. Опаѓањето на косата кое е последица на нормалниот преод на циклусот на раст на влакното го препознава секој од нас. Тоа е количината на коса која вообичаено ја губиме и која сме навикнати да ја гледаме. Косата која опаѓа во границите на нормала, всушност нормално се обновува со нова коса.

Но, во одреден период или од одредени причини косата може да опаѓа и над 100 влакна дневно. Ако неочекувано поголем број на влакна, се јават при чешлање или на перница, на гардероба,тогаш секој се запрашува дали тоа зголемено опаѓање е нормално. Дали ја губите косата привремено или трајно? Дали оќелавувате? Дали косата ќе се обнови? Дали опаѓање-то на косата е привремено или трајно?

Ова прашање е особено стресно за мажите кои имаат блиски роднини со ќелавост. Наследната ќелавост (андрогенетска алопеција) има генетска основа и се појавува во фамилијата. Маж кој има фамилијарна историја на губење на коса може сериозно да се загрижи. Околу секојдневното губење на косата кое одеднаш станало поизразено од порано.

Ако релативно голем број на влакна, над 100, опаѓаат подолго време, подолго од 2-3 месеци тогаш станува веројатно дека личноста развива видливи знаци на наследна ќелавост. Може проретчувањето на косата сеуште не е видливо, но токму ова опаѓање може да биде првата фаза од развојот на ќелавоста. Личност во оваа позиција не треба да чека доказ за трајно губење на косата, за да побара совет и помош од професионалци. Може да имате бенефит од консултација со трихолог од 101 Hair Clinic.