Едно од најчесто поставуваните прашања кај младата популација е кои се причини-те за опаѓање на косата.

Повеќето луѓе обично губат 50 до 100 влакна на ден. Но, со околу 100.000 влакна во скалпот, оваа бројка на губење на косата не треба да предизвика забележливо истенчување на косата на скалпот. Како што стареат луѓето, косата има тенденција постепено да се истенчува. Други причини за опаѓање на косата вклучуваат хормонални фактори, медицински состојби и лекови.

1. Хормонални фактори

Најчеста причина за губење на косата е генетската состојба наречена машка форма на ќелавост или женски модел на ќелавост (андрогена алопеција). Кај генетски подложните луѓе, одредени хормони предизвикуваат постојано губење на косата. Овој модел на губење на косата е почест кај мажите, и истиот може да започне уште во пубертетот.

2. Хормоналните промени и нерамнотежа, исто така, може да предизвика привремено губење на косата.

Ова може да биде поради бременост, раѓање, контрацептиви или почетокот на менопаузата.

3. Медицински состојби

Цела палета на медицински состојби може да предизвика губење на косата, вклучувајќи:

Проблеми со тироидната жлезда. Тироидната жлезда помага во регулирањето на нивото на хормони во вашето тело. Ако жлездата не работи правилно, може да доведе до губење на косата.
Алопеција ареата. Оваа болест се јавува кога имунолошкиот систем на телото ги напаѓа фоликулите на косата – предизвикува мазни кругчиња на губење на косата.

Инфекции на скалпот. Инфекции, како што се габите, може да ги нападнат косата и кожата на скалпот, што доведува до губење на косата. Откако инфекциите ќе бидат истретирани и отстранети, косата генерално повторно расте.
Други кожни болести. Болести кои можат да предизвикаат лузни, како што Лихен планус и некои видови на лупус, може да резултира во постојано губење на косата на местото каде што настанале лузните.

4. Лекови

Губењето на косата може да биде предизвикано од лекови кои се користат за лекување на:

Рак
Артритис
Депресија
Проблеми со срцето
Висок крвен притисок

5. Други причини за губење на косата

Губењето на косата, исто така, може да резултира од:

Физички или емотивен шок. Многу луѓе имаат општо опаѓање на косата неколку месеци по физичкиот или емоционалниот шок. Примерите вклучуваат ненадејно или прекумерно губење на тежината, висока температура, или смрт во семејството.
Скубење на косата. Оваа ментална болест предизвикува луѓето да имаат неодолива потреба да ја скубат својата коса, без разлика дали тоа е од скалпот, веѓите или други делови од телото. Скубењето на косата од скалпот често остава ќелави точки на главата.
Одредени фризури. Прецврстто врзување на косата во репчиња или стегање на косата доведува до губење на косата.