Фронтално-то опаѓање на косата или како што уште е познато модел на опаѓање на коса кај млади мажи се препознава преку ослабнување и истенчување на косата во фронталниот дел на главата. Или едноставно речено преку зголемување на челната линија на косата-залистоци. Тоа е всушност еден од физичките докази за стареење кај поголемиот дел од мажите. Тоа навистина е еден од најгрубите форми на опаѓање на косата која задолжително мора да се третира.
Што се случува доколку лицата кои се соочуваат со фронтално опаѓање на косата се наоѓаат во порана фаза од животот? 20-тите, 30-тите години, како и 40-тите години? Мажите во оваа возрасна група се уште сакаат да имаат самодоверба во нивниот изглед кон спротивниот пол.
Губењето на косата во предниот дел на главата кај помладите мажи е предизвикано главно од еден фактор. Генерално, тоа може да биде резултат на машкиот хормон познат како дихидротестостерон или ДХТ. Дихидротестостеронот цели на фоликулите на косата. И го блокира доставувањето на хранливи состојки, нутритиенти и кислород во коренот на влакното. На тој начин фоликулот односно коренот на влакното добива се помалку витамини, минерали, аминокиселини, кислород. И други потребни хранливи состојки за да може нормално да функционира. И да продуцира здраво влакно.
Како резултат на намалената прихранетост на коренот на влакното, фоликулот ја намалува својата активност. И самото влакно почнува да се истенчува и слабее се додека целосно не прекине функцијата на фоликулот. Односно се додека истиот не атрофира. Атрофираниот фоликул повеќе не продуцира влакно. И досега не е пронајден метод во медицината со кој атрофираниот фоликул би можел повторно да биде реактивиран. За да произведува здраво и нормлано влакно. Затоа, штом ќе забележите опаѓање на косата во фронталниот дел треба да делувате веднаш. За да се стопира процесот и бидејки фоликулите се со намалена активност но сеуште живи. Да се врати нивната активна функција на оптимално нормално ниво.
Фронталното опаѓање на косата – залистоците е природна ствар. Всушност, тоа не е никаков симптом дека имате било какви здравствени проблеми. Сепак, за многумина од нас, особено кај помладите мажи, тоа може да биде многу трауматично. Фронталното губење на косата е само почеток. Кој веднаш мора да се стопира, зошто инаку самиот процес е долгорочен. И ке продолжи со понатамошно губење на косата која не ќе биде во можност никогаш повеке да се врати.
Подолу се наведени неколку клинички докажани методи како единствени најефикасни инструменти во запирањето на фронталното опаѓање на косата – залистоците:
• Mикронидлинг мезотерапија е нова а веќе популарна метода која користи специјално дизајнирам автоматизиран уред за прецизни и безболни микроубоди на кожата. Механизмот на оваа терапија е стимулација на растот благодарение на факторите на раст на косата кои се ослободуваат при микроповредите на кожата како активација на матичните клетки во коренот на влакното.
– Ласерската биостимулација е најдобриот неинвазивен метод кој им предава енергија на корените на влакното кои истата ја користат за подобрување на својата работа. Ласерската светлина се апсорбира од страна на фоликулот и обезбедува раст и репликација на клетките од коренот на влакното одржувајќи го растот на влакното.
• клинички докажани хербални тоници – 101 HAIR клиниката за проблеми со коса и скалп ви нуди тоници на база на 100% природни хербални екстракти. кои го регулираат циклусот на влакното и овозможуваат продолжување на фазата на раст на влакното со што директно се намалува и стопира опаѓањето на косата. Други растителни екстракти во составот на тониците го блокираат и спречуваат негативното дејство на метаболитите на тестостеронот со што директно го отстрануваат главниот фактор поради кои доаѓа до фронтално опаѓање на косата- залистоци.
• – 101 HAIR клиниката ви го нуди најдоброто можно природно решение во вид на природен додаток за спречување на фронталното опаѓање на коса кај млади мажи. Intervention е концентрирана комбинација од нутритиенти наменета за здрава, цврста коса. Соодветната присутност на минерали, витамини, аминокиселини е од есенцијална важност за раст на здрава коса, а превенира појава на опаѓање на косата. Станува збор за 100% природна, уникатна формула чии состојки и сооднос се засновани на најсовремените научни и технолошки достигнувања се со цел да овозможат оддржување на здравјето на косата.