Хашимото е едно од најчестите нарушувања на тироидната жлезда. И се јавува кај еден на 100 пациенти . Болеста ја открил и опишал јапонскиот лекар Хакану Хашимото во 1912 година, по кого и е именувана. Исто така се нарекува Хроничен автоимун тироидитис или Хашимото тироидитис.
Опаѓањето на косата често се поврзува со дисфункција на тироидната жлезда односно Хашимото. Според податоците на Светската здравствена организација, околу две милијарди луѓе во светот страдаат од нарушувања на тироидната жлезда. А за жал оваа бројка се зголемува секоја година. Честопати, болестите на тироидната жлезда се поврзани со други болести. А поради маскираните симптоми, обично се бара помош од лекар кога болеста веќе напредувала.
Што е Хашимото?
Важно е да се напомене дека Хашимото е автоимуна болест. Што едноставно значи дека нашиот имунолошки систем работи против нас. Автоимуните болести се дефинираат како нарушувања во кои имуниот систем го напаѓа телото наместо да го чува и штити од разни бактерии и вируси. Кога имунолошкиот систем функционира нормално, тој ги препознава сопствените клетки кои треба да ги штити и туѓите клетки кои треба да ги нападне. Кај автоимуните болести, имунолошкиот систем не прави разлика помеѓу сопствените и непријателските клетки. И лачи протеини односно автоантитела кои напаѓаат здрави клетки.
Научниците сè уште не успеале да најдат соодветен одговор на прашањето зошто имунолошкиот систем го напаѓа сопствениот организам. Она што е познато е дека бројот на автоимуни болести се зголемува од година во година. Причината за ова, според некои експерти, треба да се бара во современиот начин на живот. Или акумулираниот стрес и прекумерната потрошувачка на индустриска и термички обработена храна што предизвикуваат зголемени воспалителни процеси во организмот. Хашимото тиреоидитис е едно од најчестите автоимуни заболувања денес.
Хашимото како главен виновник за опаѓање на косата
Симптомите на Хашимото често се поврзани со забрзаниот начин на живот. И тешко е да се детектираат на почетокот како нарушување. Заморот, поспаноста, летаргијата често се припишуваат на стрес при работа, натрупани обврски и недостаток на време за себе и одмор. Меѓутоа, кога косата почнува да паѓа повеќе, повеќето жени веќе знаат дека треба да направат тест на крвта. И да ги проверат тироидните хормони Т3 (тријодотиронин) и Т4 (тироксин).
Тироидната жлезда се наоѓа во вратот. Во областа на ларинксот и има исклучително важна улога за нормално функционирање на целиот организам. Прекумерното лачење или производство на хормони Т3 и Т4 се нарекува хипертироидизам. Како резултат на тоа, оваа состојба ги забрзува сите процеси во организмот. Вклучувајќи чести и ретки столици, губење на тежината со нормален внес на храна, тахикардии, нарушувања на спиењето, нервоза, па дури и агресија.
Од друга страна, намалената секреција на хормоните Т3 и Т4 предизвикува нарушување во работата на тироидната жлезда, наречено хипотироидизам. Симптомите се постојан замор, поспаност, опстирпација, задржување на вода во организмот, слаба и безживотна коса која често се масти и опаѓа.
Ако, покрај опаѓање на косата, постои и нарушување на менструалниот циклус, зголемување на телесната тежина, чести главоболки, многу е веројатно дека болеста веќе напредувала. Хашимото се јавува кај 10 проценти од жените и 6 проценти од мажите. А главната причина за болеста е генетски фактор. Секако, тоа не мора да значи дека болеста ќе биде наследна. Но предупредува на превенција и здрав начин на живот. А пред се на исхрана, бидејќи спротивното однесување може да биде предизвикувач на болеста.
Како да спречите опаѓање на косата кај Хашимото?
Ако ви е дијагностициран Хашимотов синдром и еден од неговите симптоми е опаѓање на косата, важно е редовно да ја пиете пропишаната терапија. И да ги следите сите упатства на лекарот. Покрај ова, важно е да се напомене дека некои лекови кои се користат во третманот на тироидната жлезда, исто така, може да резултираат со пореметувања на растот на косата. Овие се првенствено антитироидни лекови како што се „Карбимазол“ и „Пропилтиоурацил“. Кои како несакан ефект можат да имаат зголемено опаѓање на косата. Затоа е потребно да се следат советите и мислењето и на ендокринолозите и на трихолозите.
Кај Хашимото нарушувањата во растот на косата се јавуваат на ниво на фоликули, нормалниот циклус на раст на косата е скратен, паѓа предвреме, и во потешки случаи, престануваат да се создаваат нови влакна. Во почетните фази, косата ја губи својата влажност, се разретчува, истенчува и пука. Ако третманот не се започне на време, косата станува се потенка и потенка, понекогаш паѓа во кругови, додека целосното опаѓање на косата е поретко.
Можете ли сами да го решите опаѓањето на косата?
На Интернет и на други медиуми, можете да видите реклами за разни таканаречени природни препарати, мелеми и додатоци кои ќе ја нормализираат работата на тироидната жлезда. И ќе спречат понатамошно опаѓање на косата. Сепак, пред да ги испробате овие методи, мора да разберете дека не станува збор за лекови. Туку додатоци во исхраната кои во моментовт можат да ја подобрат ситуацијата, но не и да го решат проблемот. За жал, некои од овие рецепти што се споделуваат преку Интернет можат да го влошат проблемот.
Ако сакате трајно решение, мора да ја комбинирате терапијата на вашиот ендокринолог и трихолог. Само на овој начин може да се реши проблемот со опаѓање на косата кај Хашимото на најбрз и најоптимален начин.
Третмани против опаѓање на косата во 101 Hair Clinic
Постојат повеќе третмани, како и врвни препарати во 101 Hair Clinic кои можат да ви помогнат да го запрете опаѓањето на косата кај Хашимото и да го вратите незиниот квалитет. Почетниот чекор е да направите трихолошка анализа на косата.
Пристапот кон третманот на опаѓањео на косата е индивидуален и темелен.
Некои од третманите што можат да ви помогнат да го решите проблемот со опаѓање на косата за кратко време се мезотерапија, напредни PRP третмани, ласерска терапија, ЛЕД терапија, третмани за детоксикација, како и третмани за сува, безживотна и кршлива коса.
Од препаратите на располагање имаме врвни шампони, лосиони и препарати на 101 формула од Меѓународниот институт за истражување на косата во Пекинг, чиј основач е д-р Dr Zhao Zhang татко на трихологијата. 101 Hair во Скопје е филијала на светската мрежа 101 Hair Group и нашите трихолози се светски познати експерти.
Ви стоиме на располагање за било какви дополнителни прашања, информации и совети.