Универзитетот во Мичиген, преку една сеопфатна студија во која биле вклучени над 100.000 мажи вршеле анализа и истражување на психолошките последици од проблемот со ќелавост. Нивните заклучоци подоцна биле документирани и објавени во најтиражниот американски весник The New York Times. Во продолжение се дадени синтетизираните заклучоци од ваквото истражување.

Ајде да се соочиме со фактот дека, ќелавиoт изглед е „ВО МОДА“. Денес е толку многу социјално прифатливо за човек да си ја избричи главата отколку кога било досега. И покрај овој последен културен феномен сепак, не постои негирање дека многу мажи страдаат емоционално од ефектите на машкиот модел на ќелавост. Така, решавањето на проблемот со ќелавоста, без разлика дали притоа би се користеле биостимулативни методи (ако опаѓањето е во почетните стадиуми и има можност за тоа) или пак со помош на хируршки методи (кога опаѓањето е во многу напредни фази и траело повеќе од 10 години) добива мега популарност помеѓу мажите ширум целиот свет.

Зошто толку многу мажи се почесто се решаваат навремено да го стопираат опаѓањето на косата, да ја вратат својата коса, макар и на хируршки начин кога бричењето на нивната глава е толку брз, лесен и достапен начин? Еве ги првите пет причини зошто многу луѓе избираат да ја вратат својата изгубена коса на било кој начин.

Напредување во кариерата

Истражувањата покажаа дека атрактивни, млади луѓе уживаат поголеми можности за напредување во кариерата, па дури и повисоки плати. Ова било случај кај над повеќе од 95% од испитаниците. Враќањето на проретчената коса често им обезбедува на мажите доволен степен на самодоверба, која им е потребна за да имаат конкурентна предност на работното место.

Физичка атрактивност

Да се биде во добра кондиција и да се иззгледа атрактивно некогаш беше товар само на жените. Денес, и мажите се чувствуваат под притисок да изгледаат добро. Ова се однесува не само на ергените туку и на мажите кои веќе се во брак. Деновите на пивски стомак, вишок на телесна маса, влакнетост по целото тело се веќе минато. Вашата жена сака да изгледате, да се чувствувате и мирисате пријатно исто како што таа тоа го прави. Убавата, густа и негувана коса кај мажите им дава младешки изглед и физичка атрактивност.

Безгрижност од проблеми со опаѓање на косата

Решавајќи го проблемот со опаѓање на косата па макар вклучувајќи го и методот на трансплантација им дава на мажите чуство на поголема сигурност, самодоверба и емоционална стабилност дека решиле еден голем и сериозен проблем во нивниот изглед.
Избегнување на стигмата дека сте “ќелав маж”

Поради една или друга причина, многу мажи се плашат од ќелавоста. Губењето на косата може да влијае како емотивно така и физички. Бидејќи мажите не сакаат да бидат „ќелавиот дечко“ во нивниот социјален круг или во други лични ситуации, многумина се одлучуваат на решавање на нивниот проблем со проретчување на косата.

 Обседнатоста со проретчувањето на косата може да предизвика мошне сериозни проблеми со вашата психа. За некои луѓе, разликата меѓу менталната слика што ја имаат за себе и ќелавиот човек што го гледаат секогаш кога ќе се погледнат во огледало може негативно да влијае на нивната самодоверба. Недостатокот на самодоверба може негативно да влијае на сите аспекти на животот на една личност. Мажите кои го решиле својот проблем со губењето на косата често велат дека тие веќе не размислуваат за губење на косата и се чувствуваат посигурни во нивните професионални, лични и социјални активности.