Пливајте затоа што пливањето е добар рекреативен спорт и е корисен за вашето целокупно здравје. Но бидете претпазливи и заштитете ја вашата коса.
Како што почнуваат *тропските* горештини повеќето луѓе почнуваат да ги поминуваат нивните летни денови на локалните базени. Но покрај новите костими за капење и креми за заштита при сончање, повеќето не помислуваат на мерките за претпазливост пред пливање.
Можеби најголема претпазливост треба да имате во врска со вашата коса.
Како пливањето може да ја оштети вашата коса
Базените треба да се одржуваат со високи нивоа на одредени хемикалии, посебно хлор. Со цел да биде водата без бактерии и вируси. За жал, баш овие високи нивоа на хлор кои го штитат вашето тело можат да направат хаос со вашата коса. Оксидирачките агенси во хлоридите ја одземаат влажноста од вашата коса,ја дехидрираат и таа станува сува, кршлива, безживотна и склона кон оштетување и расцветани врвови.
Друга причина поради која се оштетува косата во базените се високите нивоа на бакар и небалансирниот рН .
Високо рН ниво може да направи реакција со бакарот кој се наоѓа во водата во базенот и да предизвика *позеленување* на Вашата коса. Зелената боја доаѓа од оксидацијата на металот кој се врзал на кутикулата на влакното.
Намокрете ја косата претходно
Бидејќи сувата коса реагира како сунѓер веднаш штом ќе дојде во допир со вода (влага), најдобар начин да ја заштитите вашата коса пред пливање е да темелно да ја навлажните косата со не-хлорирана вода. На овој начин вашата коса ќе ја апсорбира “сигурната “ вода. И кога ќе влезете во базенот вашата коса ќе биде презаситена со чиста вода и нема да може да апсорбира хлор, хлорирана вода. Исто така добра идеа е да излегувате на околу 30 мин. и да ја проплакнете вашата коса со чиста, не-хлорирана вода.
Нанесете кондиционер
Друг начин да ја заштитите вашата коса од апсорбирање на многу хлор е да нанесете тенок слој кондиционер. Или масло пред да одите на базен. Едноставно исчешлајте го вашиот омилен кондиционер или мала количина на бебешко масло, кокосово масло или маслиново масло низ вашата коса пред пливање. Маслото ќе ја одбива водата и обвиткувајќи ја кутикулата на влакното ќе претставува бариера помеѓу хлорираната вода и Вашата коса.
Миење на косата после секое пливање е императив!
На крајот од денот, кога ќе се вратите дома, посветете и целосно внимание на косата! Измијте со топла, чиста вода 3-5 минути. Потоа темелно измијте ја со шампон, којшто отстранува резидуи на влакното. Нанесете длабококондиционирачка маска за косата. И оставете ја да делува 10 минути. Исплакнете добро со вода и со пешкир добро просушете ја косата. Ако не мора, не ја сушете со фен. Аплицирајте хидратантен кондиционер кој не се испира и кој ќе ја врати влажноста на влакното.