Како што тренирањето и вежбањето станаа наша секојдневна рутина, често се соочуваме со дилемата што да правиме со мрсната и неуредна коса после напорниот тренинг.

Сигурно размислувате дали е добро секојдневно миење на косата, бидејќи знаете дека може да резултура со сувост на скалпот или засилено мастење во друга крајност. Но, од друга страна доколку ја оставите косата неизмиена после напорниот тренинг, може да се јави непријатен мирис на косата па дури и чешање. Во продолжение ви даваме неколку совети како да ја заштитите косата за време на напорниот тренинг во салата во летниот период.

Врзете ја косата високо со ластиче за коса.

Ова ќе овозможи косата да не смета на испарувањето на кожата. Високо коњско опавче или пунџа ке обезбеди Вашата коса да не се намокри. Нема да го допира лицето и ќе ви помогне комотно да вежбате. За шишки користете шнола или лента за коса. Мажите треба да ја носат косата пократка преку лето или ако интезнивно спортуваат заради подобра и полесна хигиена.

Косата може да се мие веднаш после тренинг,иако тоа подразбира и секојдневно миење.

Најбитен е шампонот! Соглсано на типот на скалп треба да се одбере адекватен шампон или во некои случаи комбинација од шампони. Мажите би требало да користат шампон за секојдневно миење на косата доколку спортуваат често. А, жените благ шампон со кондиционирачки ефект. Во случаи на проблематичен скалп потребна е и комбинација од два шампони за комплетна нега.

Усогласете го миењето на косата, да биде тој ден после вежбањето.

Добро е токсините кои се излачуваат со потењето да се одмијат од скалпот. Најбитно е да се користи адекватен шампон за скалпот! Ова нема да дозволи да се појави сувост на косата и скалпот и ќе и даде пријатен мирис на свежина на вашата коса. Маска за коса исто така е потребна барем еднаш неделно. Добро масло за коса во замена за кондициноерот е потребно одвреме-навреме.

-. Носете лента за коса која ќе ја апсорбира потта. Не заборавајте да ги перете вашите ленти за коса со неутрален pH сапун, за да немаат негативно влијание врз вашата чиста коса!