Доколку косата е изложена често на топлински апарати за сушење, фенирање или стилизирање, тогаш сериозно може да се доведе во прашање здравјето и структурата на самата коса.
Вашиот фен, пегла за коса, фигаро можат да ја стилизираат вашата коса гламурозно. Но само здравата коса изгледа сјајно, убаво и волуминозно! Затоа ако претерате со термичките процедури на косата, ќе ја изгубите основната убавина на Вашата коса и ќе морате многу сериозно да работите на враќање на нејзиното здравје!
Овие насоки можат да Ви помогнат како да ја стилизирате вашата коса во домашни услови и како да ја поправите оштетената коса.
1.БИРАЈТЕ ДОБРИ ТОПЛИНСКИ АПАРАТИ
Апаратите за стилизирање не треба да чинат богатство, но треба да поседуваат некои основни функции и карактеристики. Ако сте зависник од такви апарати тогаш изберете адекватен.
Секогаш барајте апарати кои имаат подесување на топлината. Најчесто најефтините имаат едно ниво на топлина. Проверете дали вашиот апарат има прозорче кое ја прикажува температурата. На пример некои пегли за коса може да бидат подесени на температури од 180° до 400°. Температура од 400 степени е ,,дефинитивно пре-висока “ за лична употреба од некој кој не е професионалец, стилист. Кога избирате фен за коса, изберете таков со додаток кој го насочува воздухот или дифузер за да се дистрибуира топлината подеднакво.
2. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ВАШАТА КОСА И СТИЛИЗИРАЈТЕ ЈА СООДВЕТНО
Кога ја избирате температурата на вашите апарати за сушење, исправување или виткање на косата, имајте ја во предвид дебелината на вашето влакно. Колку е потенко влакното, толку треба да е пониска температурата. Тоа не значи дека доколку имате дебело влакно треба го да подесете апаратот на највисоките температури, дури и професионалните стилисти тоа не го применуваат. Пред да купите пегла за коса или фигаро, земете ја во предвид стуктурата на вашето влакно.
3. ЗАШТИТЕТЕ ЈА ВАШАТА КОСА ОД ТОПЛИНАТА
Постојат производи кои ќе ја заштитат вашата коса од топлината на фенот, пеглата или фигарото (топлински апарати). Ако често користите термички апарати, тогаш редовно користете и производи за заштита од топлината. Исто така за да ја *штедите* косата додека ја обликувате, работете брзо. Пеглата и фигарото не треба да ги користите подолго од 3-4 секунди (на прамен).
4. НАУЧЕТЕ КАКО ДА ЈА ОБЛИКУВАТЕ ВАШАТА КОСА
Вашиот фризер може да ви даде многу корисни совети за тоа како наједноставно и најдобро да ја обликувате Вашата коса. Самата структура на косата ги дефинира можните стилови на фризура.
Ако вашата коса почне да се крши, стане сува, безживотна, се раздвојуваат врвовите, тогаш покажува знаци на оштетување. Доколку врвовите се раздвојуваат, тогаш треба да се скратат. Ништо нема да ги поправи расцветаните врвови.
Но, со квалитетни и правилно избрани производи за коса можете да ја подобрите нејзината структура и состојба.
Еве неколку опции:
Пробајте со третмани дома. Производите со масла и потхранувачи за коса оштетена од топлина, производи со протеинска компонента за хемиски третирана коса ќе и дадат подобар изглед на вашата коса.
Побарајте помош од професионалци, доколку вашата коса е многу оштетена и не можете да ја подобрите нејзината структура и квалитет со домашни третмани. Поинтензивни третмани со одредени длабоко кондиционирачки производи може да ја ревитализираат вашата коса. Ова е многу важно за понатамошна заштита од идно оштетување. А, ќе добиете и насоки кои производи се најдекватни за типот на косата и вашиот режим на нега на косата.
Бидете трпеливи. Ако сантиметар од врвовите на вашето влакно е оштетено, потребни се два или три месеци да се врати косата во нормала. Откако ќе се подобри, одржувајте ја косата здрава со правилна употреба на апаратите за стилизирање и правилна нега.
.