Во продолжение ќе дадеме осврт на тоа што е компјутерска анализа на коса и скалп, кои се нејзините предности и како оваа софистицирана технологија помага при изборот на адекватен и ефикасен третман на проблемите со косата и скалпот.

Секој од нас може да почувствува дека косата почнува да ја губи повеќе од порано. Секој од нас може да ги види знаците на прортечување и губење на волуменот на косата. Можеме дури да препознаеме на кој начин косата опаѓа, како кај татко, дедо, вујко.

Знаци на губење на косата кај мажи и жени

Мажите забележуваат постепена рецесија (повлекување) на фронталната линија во форма на буквата М. Со формирање на залистоци и тоа им е доволно за да и самите се посомневаат на машка наследна ќелавост. Но, обично таа фаза не ги растревожува премногу. Понатаму обично проретчувањето се јавува и на темениот дел. И покажува тенденција на спојување со фронталната линија, а проретченоста на косата е повеќе од очигледна. Тоа е момент кога секој маж и самиот си дијагностицира генетско ќелавење. И е сериозно загрижен за својата коса.

Жените пак забележуваат губење на косата дифузно на круната на главата. Додека фронталната линија останува зачувана, разделокот на косата станува се поизразен. Волуменот и квалитетот на косата изгубен. Жените веднаш ги препознаваат знаците на проретчување на косата. И се свесни дека опаѓањето на косата не е само фаза.
Не Ви е потребен експерт да Ви каже дека ја губите косата. Вие сте веќе свесни дека имате проблем со косата. Го гледате во огледало секој ден.

Меѓутоа, тоа што секој од нас може лесно да го види и препознае како проретчување на косата има механизам кој се случува длабоко во кожата на главата. На ниво на коренот на влакното. Тоа што Вие го гледате како проретчување на косата е всушност траснформирање на Вашите здрави, цврсти, терминални влакна во потенки, пократки нетерминални влкана. И на крај во меки, кратки, велусни влакна. Лицата со наследна ќелавост имаат однос на терминални спрема велусни влакна 1:4. А, сето тоа е резултат на ослабнувањето на функција на некогаш здравите фоликули на влакната, процес на минијатуризација на фоликулот и влакното.

Она што го гледаме како клиничка манифестација со голо око е само презентација на промените кои се случуваат во кожата. Потребна е компјутеризирана трихолошка анализа, која вклучува зголемувања од 20 до 200 пати за да се видат бараните структури на коренот и кожата. И адекватен трихилошки софтвер.

TrichoScience софтверот ги анализира сите параметри на косата

TrichoScience софтверот има можност да ја евалуира и анализира густината на косата, дебелината на влакното, бројот на влакна во анагена/телогена фаза (фаза на раст и фаза на опаѓање на косата), бројот на терминални, бројот на слаби влакна наспроти бројот на велусни, здрави и пигментирани влакна како и сите состојби на скалпот.

Компјутерска-та трихолошка анализа на коса и скалп може да ги визуелизира параметрите кои се неопходни за одредување на формата на ќелавење, сосојбата на кожата на главата. Но исто така квантитативна анализа на губењето на косата. Квантитативната анализа е бтина за да се процени степенот на напредување на наследната ќелавост. А согласно на тоа и можностите за регенерација на влакното.

Параметрите кои се битни а лесно мерливи со компјутеризираната анализа на косата и скалпот се бројот на влакна по цм2, кој директно ни дава претстава за степенот на проретчување. Нормалата густина на косата е 120-150 влакна на цм2. Поради тоа што густината на косата кај секоја индивидуа е различна може да се направи и компративна нализа на густината на косата во различни зони на главата. На тој начин уште попрецизно може да се измери индивидуалната нормална густина на косата на лицето и густината во проретчените зони.

Дијаметарот на влакнтото е другиот битен параметар. Кој ни покажува колку сериозно напредувало ќелавењето. Присуството на велусни влакна, влакна потенки од 0.03мм укажува на напреднати стадиуми на губење на косата.

Понатаму се анализира формата и дијаметарот на влакната. Промените на самите влакна укажуваат или исклучуваат разни форми на опаѓање на косата. Разни форми на оштетувања на влакната се среќаваат типично кај одредени проблеми на косата. Исто така состојбата на порите на влакното е неопходна да се процени. Здрави пори се предуслов за добар раст на влакното. Мастење, перутање, чепови на порите мора да бидат регулирани за да се постигнат ефективни резултати. А, нивната состојба може да се процени на зголемување од 200.

Компјутеризираната анализа на косата и скалпот е особено занимлива затоа што може да се искористи и за прогноза на резултатите. И секако следење на прогресот на третманот. Согласно на тоа и планот на третманите кај клиентите се адаптира индивидуално. Зависно од конкретните потреби а за брзи ефекти и максинален бенефит.

Изборот на адекватен третман е гаранција за успешни резултати

101 Hair Ви овозможува преку компјутерска анализа на коса и скалп да добиете јасна слика за Вашата моментална состојба на косата. Да добиете адекватен план на третман. И своите резултати од третманот да ги следите транспарентно. Во било кој момент од третманот Вие ќе знаете каков е прогресот на Вашата коса. Кој е следниот чекор во Вашиот третман. И кој е очекуваниот краен резултат.

Како што сами можете да го препознаете проретчувањето на косата така после правилно изведениот третман во 101 Hair Clinic, ќе можете да го видите и очигледното и предвидено згуснување на косата.