Диети е збор составен од 5 букви кои звучат како најстрога казна. Тоа значи дека мораме да се откажеме од благото и сите производи кои обожаваме да ги јадеме, дека мораме да гладуваме и да јадеме само здрави производи.
Секојдневно се објавуваат се повеќе истражувања кои укажуваат на влијанието на исхраната врз проблемот со опаѓање на косата. Новите сфаќања дека губењето на коса е мултифакторијално, укажуваат дека наследната компонента не е единствената причина која може да предизвика губење на косата. Бројни други фактори, меѓу кои и исхраната и рестриктивните диети можат да провоцираат почеток на опаѓањето на косата. Или да го влошат постоечкото проретчување на косата. Следејќи ги светските трендови и тековните информации и 101 HAIR клиниката, освен препораката за адекватен локален третман за проблемот со опаѓање на коса, мастење, перут итн. предлага и правилна исхрана за здрава коса.
Многу едноставни промени во режимот на исхрана може значително да Ви помогнат во спречување на појава на опаѓање на косата и подобрувањето на изгледот и квалитетот на косата. Некогаш и само правилната исхрана ќе го намали опаѓањето, иако во најголем број случаи е потребна и стимулација на фоликулите за да ја вратат оптималната функција. Но, еве некои насоки кои ќе Ви помогнат да ја заштитите косата во тек на диети.
Што предизвикува опаѓање на коса во тек на диети?
1. Витамински недостаток и губиток на коса
Следењето на многу рестриктивни диети и наглото губење на тежина може да создаде витамински недостаток во многу случаи, што предизвикува нарушување на хемискиот баланс и последователно губење на косата. Некои од овие диети содржат премногу или премалку витамин А што може да резултира со привремено губење на косата. Еден проблем со диетите дури и оние препорачани од доктор е што многу од нив се концентрираат на намалување на калоричниот внес или на внесот на јаглехидрати, но, не обрнуваат внимание на внесот на нутритиенти па лицето на диета почнува да развива недостатоци во исхраната кои резултираат со повеќе симптоми, меѓу кои губењето на коса како највпечатлив.
Цинк, витамин Б12 и биотин (вит.Х) се три нутритиени кои се предуслов за здрава коса. Без нив, косата преминува во фаза на мирување и почнува да опаѓа. Додека дефициенцијата не се поправи косата нема да порасне повторно.
Недостаток од цинк ќе резултира со промени на скалпот, како на пример перут. Тоа е така затоа што цинкот е битен за клеточната делба и помага на телото да продуцира протеини и колаген, кои се неопходни за кожата и фоликулите на влакното да ги одржува здрави и цврсти. За повеќе цинк во исхраната, јадете пченични никулци, месо, јајца и жолчки од јајца.
Витамин Б12 помага во формирањето на црвени крвни зрнца кои го транспортираат кислородот до сите делови на телото, вклучително и скалпот и фоликулите на влакното. Додадете го во исхраната преку јајца, месо и живина.
Биотин ја прави косата и кожата мека и нежна. Пивски квасец, кафеав ориз, грашок, леќа, соја, семки од сончоглед и ореви се извор на биотин.
2. Протеини, железо и јод
Додека сте на диета за губење на тежина, протеинскиот внес е обично премногу низок. Крајниот резултат е дека телото мора да ги зачува постоечките протеини и еден од механизмите е што ја става косата од фаза на раст во фаза на мирување. Два-три месеци подоцна косата почнува да опаѓа. Оваа состојба е реверзибилна со додавање на протеини во исхраната. Протеините од месото се најдобри, но исто така има и растителни извори на протеии како јаткасти плодови, семиња и грав.
Ниски нивоа на железо во крвта исто така предизвикуваат косата да опаѓа, затоа е потребна храна богата со железо како соја, семки од тиква, бел грав, леќа, спанаќ и органско месо. Анорексија и булимија се нарушувања во исхраната кои предизвикуваат недостаток од есенцијлни нутритиенти за организмот и предизвикуваат губење на косата. Јодот е друг неоходен нутритиент за здрав раст на косата. Солта е јодирана од тие причини, но за жал јодот во солта е тежок за варење, поради што тешко се апсорбира. Течните суплементи на јод се подобри.
3. Силициум и исхрана со заситени масти
Силициумот е есенцијален нутритиент и тешко се наоѓа во исхраната во Западниот свет. Во Азија редовно се прима затоа што Азијатите вклучуваат многу ориз и сирови зеленчуци во исхраната. Силициумот ја прави косата цврста и и ја зголемува еластичноста и отпорноста. Се наоѓа во ориз, овес, зелена салата, целер, аспарагус, кромид, зелка, јагоди, краставица, сончогледови семки. Овие извори се добри САМО ако се одгледани органски затоа што многу од овиаа храна не содржи силициум поради западните методи на одгледување. Овој тип на храна треба да се јаде сирова за да се постигне целосен бенефит за косата. Исто така храна со многу маснотии го зголемува губењето на косата. Луѓето од земји со малку масти во исхраната имаат многу малку проблеми со губење на косата. Кога тие земји ќе се *позападњачат* се појавува и ќелавост.
4. Алкохол, Кофеин, Шеќер и Никотин
Станува збор за супстанци кои може да го намалат внесот на нутритиенти во телото и да предизвикаат покачување на нивоата на адреналин. Што создава повеќе андрогени кои предизвикуваат губење на косата. Токсемијата се јавува кога телото е полно со овие супстанци кои не се отстрануваат лесно од организмот, па редовна детоксификација е неоподна за добро здравје. Пиење доволни количини вода како 6-8 чаши на ден може да помогне кај токсемијата, преку испирање на токсините од системот. Токсемијата може да предизвика егземи, псоријаза и себореја. Сите се состојби кои го афектираат скалпот и растот на косата. Додавање на растителни влакна во исхраната ќе помогне во отстранување на штетните материи.