Губењето на косата предизвикано од зрачење, како резултат на случајно изложување или лекување на ракот, често е обемно и неповратно. Разбирањето на самиот механизам, сепак, може да овозможи лицата полесно да се справат со тоа. Во некои случаи, постојат начини со кои може да се ублажи штетата. Исто така е корисно да се знаат и некои од промените кои треба да се очекуваат доколку изгубената коса биде стимулирана и повторно расте.
Како зрачењето предизвикува губење на косата?
Изложеноста на зрачење може да ги оштети сите клетки во телото. Тоа има тенденција да направи најмногу штета на клетки кои се делат брзо, што е и причината зошто може да се користи за лекување на рак, бидејќи клетките на ракот обично се делат и растат многу побрзо отколку било кое друго нормално, здраво ткиво. За жал, фоликулите на косата, исто така, содржат брзо-делечки клетки, така што тие можат да бидат трајно оштетени од изложеноста на радијација.
Степенот на забележливи последици од изложеноста на зрачењето по однос на косата ќе зависи од типот на радијација (зрачење) на кое лицата биле изложени како и времетраењето на таквата изложеност. Контролирана изложеност во болница дава предвидливи резултати кои лицата можат да ги дискутираат со нивниот лекар. Губењето на косата започнува веднаш и опаѓањето може да продолжи до две недели. Скалпот станува чувствителен и може да се чуствува чешање. Гребењето е лошо за кожата, но најчесто не ја влошува состојбата на губење на косата бидејќи фоликулите во иритираниот дел од скалпот се веќе во фаза на атрофија.
Кога изложеноста на радијација се случува случајно, на пример во лабораториска несреќа или затоа што некој бил изложен на контаминација, губењето на косата често е ран симптом. Ако тоа започне наеднаш, со коса која опаѓа во купчиња, и е придружена со мачнина и слабост, веднаш треба да се побара итна лекарска помош. Лекарите може да советуваат отстранување на преостанатиот дел од здрава коса, бидејќи е потенцијален извор на радиоактивност, што може да влијае на продолжување на изложеноста и зголемување на долгорочните ризици по здравјето.
Намалување на штетното дејство на зрачењето
Во болнички услови, зрачењето е внимателно контролирано за да се намали оштетувањето на здравите ткива. Ако постои рак кој е локализиран во една област на телото (т.е. не е рак на крвта или силно метастазиран рак), третманот кој се дава ќе биде многу директен и ќе предизвика само локално губење на влакна. Ова значи дека во ниту еден случај не може да влијае на косата на главата воопшто.
Доколку треба да се изврши радиотерапија на дел од скалпот, дури и ако се чувствува како да сте добива болни изгореници – во тој случај ќе дојде до целосно губење на косата само во мал дел до скалпот кој бил директно изложен на зрачење. Може да се користи воден крем за да локално се третира делот кој бил иложен на зрачење – изореница. Во таков случај постои можност да преку стилизирање на останатата коса се сокријат ќелавите кругови-делчиња, или пак да се вметнат протези кои по ништо не би се разикувале од природната боја на коса и на тој начин би биле потполно незабележливи.
Ако косата почне да генерира повторен раст во областите погодени од зрачење, што често се случува, бидејќи фоликулите се компромитирани секогаш имајте на ум дека косата треба да биде мошне кратка за да се избегне дополнителен притисок врз и така оштетените фоликули, и на тој начин да се пролонгира и продолжи нивниот животен век и нивната активност. Во такви услови косата треба да се мие не повеќе од двапати неделно, освен ако лекарот не советува поинаку, а задолжително се употребуваат нежни шампони.
Раст на косата после изложеност на радијација
Искуството покажува дека кај повеќето луѓе кои ја губат косата поради радиотерапија, во рок од три до шест месеци по завршување на третманот косата делумно почнува повторно да расте. Новата коса, сепак, не може да биде иста како што била пред изложеноста на зрачење.
Обично, првата коса која се јавува после завршување на радиотерапијата е мошне мека и нежна, како косата кај новороденчињата. За некои луѓе ова е единствената коса која воопшто би можеле да ја добијат. Кај други пациенти пак, оваа мека и нежна коса опаѓа во рок од еден месец и се заменува со по нормална коса.
Косата после зрачењето може да има и поинаква боја од бојата на косата пред изложеноста на радијација. Тоа е затоа што оштетените фоликули може да продуцираат влакна со различна дебелина, кои под дејство на светлината би имале различна обоеност. Како што радијацијата врши оштетување и на мрежата на крвните садови, така е компромитирано и снабдувањето со хранливи материи на самиот фоликул. Ннеухранетоста понекогаш може да доведе до продуцирање на тенки, бледи влакна во раните фази на закрепнување, но тие обично ќе потемнат со текот на времето.