Редовната блага масажа на скалпот, со прстите и дланките, ја забрзува локалната микроциркулација. И со самото тоа го поттикнува растот и го подобрува здравјето на косата.

Масажата е еден од најраспространетите начини за намалување на стресот. Таа претставува рачна терапевтска техника која вклучува масирање на ткивата на телото. И на тој начин се постигнува ефектот на ослободување од тензијата.

Популарен вид на овој вид терапија е масажа на скалпот. Со овој тип на масажа се стимулираат нервите, крвните садови и се ослободува напнатоста во мускулите околу главата.

Иако многу различни култури ја користеле масажата како форма на терапија во текот на илјадници години, историјата на масажата на скалпот може да се проследи и до Индија. Некои жени таму ја користеле и како неделен ритуал. Во кој се масирале скалповите на блиските поради заштита од болести.

Масажата на скалпот го стимулира создавањето на материи во мозокот. Како што се ендорфините и серотонинот. Кои помагаат за подобрување на расположението и намалување на стресот. Масажата ја подобрува циркулацијата и ја ублажува болката при потешки физички активности.

Масажата е акт на гмечење, триење и притискање врз кожата со помош на вашите прсти и дланки кои може да донесат многу придобивки за вашето тело. Најголемата придобивка од масажата е зголемувањето на циркулацијата на површината на кожата. Оваа придобивка како и многу други се причина зошто луѓето со предвремено опаѓање на косата си помагаат и со масажа. Масажата под притисок ја загрева кожата и ги дилатира крвните садови. Со што се зголемува протокот на крв и ја зголемува крвната циркулација.

Зголемената циркулација значи дека клетките на влакнениот фоликул ќе добијат повеќе нутритиенти и кислород потребни за оптимален раст на косата. Движењето со триење исто така релаксира, го намалува стресот и се зајакнува коренот на влакното. Доколку употребите производи (масла, лосиони, тоници) за време на масажата на скалпот, тие ќе го негуваат скалпот и влакното и се намалува појавувањето на перут и сува кожа кои можат да го нарушат нормалниот раст на косата. Маслата исто така ја негуваат кутикулата на влакното и коренот со што се намалуваат шансите да косата ви стане крута, кршлива и со раздвоени врвови.