Себореичен дерматит е папулосквамозно пореметување кое се јавува на кожата богата со лојни жлезди и себум,како скалпот,лицето и трупот. Освен себумот,овој дерматит се поврзува и со габичката Malasseziа и имунолошки абнормалности. Обично се влошува при зголемена влажност,сезонски промени,траума(како чешање) или емоционален стрес.Сериозноста варира од благ перут до ексфолијативен еритродерматит.

Malassezia габичките веројатно не се причина за појава на себореичен дерматит,но се кофактор врзан со Т-клеточна депресија,зголемени нивоа на себум и активација на комплемент системот. Лицата склони кон овој дерматит исто така имаат нарушување на хридролипидната заштитна бариера. Одредени лекови можат да го индуцираат себореичниот дерматит.

Преваленцијата на себореичниот дерматит е 3-5%, и се јавува кај целата светска популација. Перутот,најблагата форма на овој дерматит е веројатно најчеста и во моментот се проценува дека зафаќа 15-20% од популацијата.
Се јавува кај лица од било која раса,малку е полоша формата кај мажи отколку кај жени.

Обично почнува во пубертет, максимална презентација има на 40 години,и е помалку сериозен но присутен кај постари лица. Кај новороденчиња се појавува како колевка капа или поретко како еритродерматит.

Манифестацијата на Себореичниот дерматит на скалпот варира од благо перутање во полиња до распространети насекаде цврсти, адхерентни лушпи.

Ретко се сретнуваат плакови лушпи. Од скалпот може да се шири на челото,на задниот дел од вратот,позади увото,како кај псоријаза. Кожните лезии се манифестираат со масни чушпи на црвена, воспалена кожа. Интермитентни, активни фази на себореичниот дерматит се јавуваат со чувство на печење,чешање и перутање,менувајќи се со мирни,неактивни фази. Активноста е зголемена со зима и рана пролет,а ремисиите обично се јавуваат во лето. Активните фази на себореичен дерматит може да се комплицираат со секундарна инфекција.

Ран третман е препорачан.
Иако првиот избор на дерматолозите се медикаментозни производи,сепак мора да знаете дека често препорачуваните топични кортикостероиди можат да ја зголемат фрекевенцијата на појавување на rebound ефектот и не се препорачуваат освен за краткорочно користење.Само благи кортикостероидни креми,лосиони или раствори се препорачуваат кај акутно појавување на лушпи.

Перутот реагира добро на почесто миење на косата или на подолго шампонирање.Креми или лак за коса задолжително мора да се прекинат.Шампони базирани на салицилна киселина,сулфур или цинк се ефективни и можат да се користат наизменично.Селен сулфид,кетоконазол и циклопирокс шампони можат да ги намалат нивоата на Malassezia габичките.Шампоните може да се користат и на телото и на брадата. Но ,и овие шампони не смеат да користат за секојдневно миење на косата, како што вообичаено имаат потреба лицата со себореичен дерматит.

101 Hair клиниката препорачува благи хербални шампони за миење наизменично со медицинските заради контрола на развојот на габичките.Место кортикостероидни креми ,101E формулата е идеално решение за смирување на воспалената кожа,без никакви негативни ефект или ограничување во користењето.

101Б тоникот пак обезбедува регулација на мастењето, чистење на масностиите од порите на влакното и нормализирање на циклусот на раст на косата.Така кожата на скалпот е смирена,невоспалена,а со контролата на мастењето се контролира и еден од основните фактори кој е предуслов за развој на себореичниот дерматит.