Сезонско опаѓање на косата е мошне актуелна тема секоја пролет и есен. Како да направиме разлика дали се работи за сезонско опаѓање на косата или можеби некоја друга форма на алоепција.
Дали некогаш сте имале чувство дека вашата коса е погуста во зима а поретка во текот на летото и есента? токму кога сте најголем дел од денот надвор и кога навистина сакате да изгледате добро? Она што го доживувате може да биде вистински феномен. Исто како кај животните кога за време на зимата нивното крзно е погусто и поцврсто отколку на пролет и есен кога целосно ги менуваат своите крзна, така и некои луѓе искусуваат губење на косата која се менува со годишните времиња.
Модели на сезонско опаѓање на коса
Како да знаете дали имате сезонско губење на косата? Затоа што некои други форми на губење на косата може да резултираат во брзо опагаѓње на косата и нејзино проретчување со трајни последици. Единствениот вистински начин да бидете сигурни е да внимавате преку повторена шема во текот на две до четири години. Ниту една рунда на сезонско губење на косата не треба да трае повеќе од четири месеци. По што новата коса треба да почне повторно да расте Ако тоа не се случи, веднаш разговарајте со стручно лице за да се утврди точната причина и тип на опаѓање на косата.
101 HAIR клиниката располага со најсофистицирана комјутерска анализа на косата и скалпот. Анализата ке покаже дали станува збор за сезонско опаѓање или сепак се работи за друг тип и форма на губење на косата. Навременото утврдување на состојбата на вашата коса и скалп дава можност за навремено спречување на опаѓањето. Бидејќи во спротивно доколку не се реагира навремено опаѓањето може да остави трајни последици. Со проретчување на косата каде можностите за поввторно реактивирање на фоликулите би било многу потешко.
Сезонското губење на косата кај луѓето обично се случува на пролет или на есен.
Важен факт кој треба да се напомене е дека кај сезонското губење на косата обично опаѓањето на коса не смее да биде поголемо од двапати повеќе од нормалното опаѓање на коса (не повеке од 150-200 влакна). Само здрав скалп лесно може да овозможи нов раст на изгубената коса.
Причини за сезонско опаѓање на коса
Постојат два главни фактори за кои се смета дека се причинители за сезонското губење на косата. И двата се однесуваат на хормони. Првиот се однесува на изложеност на сончева светлина. Дури и доколку поминувате поголемиот дел од вашето време во затворен простор. Сепак и тогаш сте изложени на повеќе сончева светлина во пролет и лето. Ова може да доведе вашиот организам да произведува помалку мелатонин. Кој е во директна поврзаност со хормонските нивоа во вашиот скалпот. Тоа може да влијае на фоликулите на косата. Во продолжување на времетраењето на нивната природна фаза на опаѓање за подолго време од вообичаеното.
Друг главен фактор е ефектот на тестостеронот чии нивоа се обично повисоки во пролет и есен. Иако тестостеронот често се смета за машки хормон, тој постои и кај мажите и жените и е познат предизвикувач на губењето на косата.
Обично дел од косата на скалпот е во фаза на опаѓање, а дел е во фаза на раст. Сезонско губење на косата се јавува поради тоа што доаѓа до пореметување на рамнотежата меѓу овие две фази. Кога вам би ви растела онолку коса колку што истовремено ви опаѓа тогаш вие воопшто не би приметилие проретчување на косата. Добра вест е дека сезонските услови кои доведуваат до поголемо опаѓање на коса обично се проследени со промена во рамнотежата меѓу фазата на раст и фазата на опаѓање на влакното. Така што се забележува значително поголем раст отколку што постои опаѓање на коса. А изгубената коса ке биде заменета со раст на нова коса.