Првут-от е еден од најголемите непријатели на убавиот изглед на косата. Малите бели лушпи кои наликуваат на снегулки се лесно видливи и создаваат непријатен и неестетски изглед, па предизвикуваат срам кај луѓето. Освен тоа, првут-от е виновник и за појава на иритирачко чешање и раздразнување на кожата на скалпот.

Проценето е дека околу 60% од луѓето се соочиле со проблемот првут во одреден период од животот. Првутот може да се појави на било која возраст по завршувањето на пубертетот, но неретко се појавува и за време на пубертетот. Се смета дека мажите почесто страдаат од првут отколку жените.

Применете ги овие совети и со тоа ослободете се од лушпичките, црвенилото и јадежот од првутот. Ова се едноставни нешта кои можете да ги направите да го спречите појавувањето на првутот.

1. Мијте ја косата често. Шампонирањето помага да се отстранат маснотиите на вашиот скалп кои мопе да доведат до перутење. Се препорачува миење на косата најмалку два пати неделно.

2. Користете шампон кој има состојки против перут. Може да го превенира воспалението кои води кон појавување на лушпички, црвенило и јадеж.

3. Не треба да користите многу производи за коса. Тои може да ги зачепат порите и да го влошат првутот.

4. Јадете анти-воспалителна храна како овошје, зеленчук и риба. Земањето витамини исто така може да помогне. Б-витамини, омега-3 масни киселини и цинкот помагаат кај воспалителните проблеми на кожата како првутот.

5.Обидете се да го намалите стресот . Секоја состојба со кожата може да биде влошена од стресот. Со негово менаџирање ќе се чуствувате подобро и ќе ви помогне со првутот.

6. Избегнувајте ги производите за коса кои ја хидрираат, навлажнуваат. Тие може да ја влошат вашата состојба. Кога имате првут, вашиот скалп е најчесто масен, не сув.

7. Посетете стручни лица-лекари доколку имате други прашања за превенирање на првутот и неговото третирање.