Стресот стана дел од нашето секојдневие. „Стресот дека доцните на работа или имате премногу работа нема да предизвика да ја губите косата,“ – објаснува д-р Мирмирани, дерматолог во Permanente Medical Group во Vallejo, Калифорнија. Опаѓањето зависи од тоа за кој тип на стрес зборуваме. Краткотраен стрес, секојдневен стрес или неколку стресни денови нема да делуваат на Вашето тело на начин да предизвика губење на косата таа недела. Потребно е повеќе од тоа. Нешто што ќе направи да не спиете добро, да изгубите апетит или да ги покачи нивоата на хормони на стрес.

Само состојбите кои предизвикуваат физиолошки стрес можат да предизвикаат и опаѓање на косата, се надоврзува д-р. McMichael, професорка по дерматологија во Wake Forest Baptist Health in Winston-Salem, N.C.

На пример, објаснува таа * Почнувате или прекинувате со орални контрацептиви. Или губите повеќе од 6кг тежина. Или имате тешка операција. Работи како овие го пореметуваат физиолошкиот баланс на Вашиот систем. Други стрес фактори се строга нискокалорична диета, породување, тешка болест, висока температура, хируршки зафат, тешки инфекции. Д-р Мирмиани ги додава и тироидните проблеми, дефициенцијата на витмаин Д или предозираност со витамин А, одредени медикаменти , како причини за опаѓање на косата.

Меѓутоа, емоционалниот стрес исто така може да води до физиолошки стрес!

McMichael вели *ако поминувате низ тежок развод, може не јадете правилно, може да изгубите тежина и да не спиете добро. Сите овие работи можат да предизвикаат физиолошки стрес и дисбаланс на Вашиот систем. Поентата е дека има и многу други работи кои се физиолошки и се случуваат. Не ја губите косата затоа што го мразите бившиот маж*

McMichael објаснува дека жените доживѕваат многу работи кои се случуваат секојдневно, а кои може да не ги препознаат како стресогени.* Го почнувате животот и сте одлично. Имате 20 години, работите, имате добар партнер. И се мажите. Почнувате со орални контрацептиви. И почнува опаѓање на косата*.

Понатаму кога жената ќе одлучи да има бебе, ако користи орални контарцептиви, ќе ги прекине. Може ќе имате малку опаѓање поврзано со тоа. И потоа останувате бремени! Бременоста предизвикува да ја задржите подолго време косата која нормално би паднала како резултат на нормалниот циклус на влакното. Затоа косата ја чувствувате густа, сјајна и со волумен во тек на бременоста. 3-6 месеци после породувањето целата таа коса опаѓа интензивно. Дополнително многу жени пробаат да изгубат тежина после продувањето. За жал, може некој смртен случај во фамилија. И еве дополнителен физиолошки стрес. Ама, косата не ја губите заради загубата на блискиот туку заради губењето на тежината.

Но исто така, секоја особа е различна. Не секој има епизоди на губење на косата. Некои жени земаат и прекинуваат со контрацепиви и немаат опаѓање, некои имаат 7 деца и немаат проблем со косата. Ако еднаш сте имале опаѓање на косата поради физиолошки стрес, тогаш веројатно ќе се повтрои.

McMichael објаснува дека толку долгото повторување на митот за директната врска меѓу емоционалниот стрес и губењето на косата, ги натера сите да веруваат во тоа.

Нема научни докази кои укажуваат на конкретен емиционален стрес кој може да биде тригер фактор за губење на косата.
Обратете се кај стручни лица кога ќе се јави опаѓање на косата!
За разлика од други форми на опаѓање на косата кои се трајни, овој тип на опаѓање во текот на нормалниот циклус се случува ненадејно. Понекогаш дури косата веќе почнала да се обновува во моментот кога вие ќе го забележите опаѓањето.

Но исто така е вистина, дека губењето на косата може да е почетен знак на 30 типови на здравствени проблеми. Но, исто така не избрзувајте со заклучоци. Може да сте совршено здрави а да ја губите косата! Одржувањето на оптималното ниво на шеќерот во крвта е еден од клучните во борбата против стресот. Опаѓањето на нивото на шеќерот во крвта до кое доаѓа во текот на денот поради големите паузи помеѓу оброците или затоа што не јадете соодветна храна, го стимулира ослободувањето на хормонот на стресот, кој може да ја врати гликозата која се складира во црниот дроб назад во крвотокот. Ова е причина зошто чувствувате нервоза кога ќе се намали нивото на шеќер.

Гласното, искрено смеење е најдобриот лек за стресот. Смеењето го зголемува нивото на енергија, го намалува нивото на стресот, го подобрува имунолошкиот систем и го зголемува прагот на толеранција на болка

Затоа зборувајте со стручни и обучени лица кои ќе ви дадат совет и насоки.

Компјутеризираната трихоскопска анализа на косата и скалпот може да ги визуелизира параметрите кои се неопходни да се процени каква форма на опаѓање имате, колку е сериозно, дали опаѓањето води кон ќелавење, дали косата спонтано се обновува, да се одреди формата на ќелавење, состојбата на кожата на главата, но исто така квантитативна анализа на губењето на косата. Квантитативната анализа е битна за да се процени степенот на напредување на наследната ќелавост,а согласно на тоа и можностите за регенерација на влакното.

Компјутеризираната анализа на косата и скалпот освен за дијагностички цели е особено занимлива затоа што може да се искористи и за прогноза на резултатите и секако следење на прогресот на третманот. Согласно на тоа и планот на третманите кај клиентите се адаптира индивидуално зависно од конкретните потреби а за брзи ефекти и максинален бенефит.

101 Hair клиниката за проблеми со коса и скалп Ви овозможува преку компјутеризирана анализа на косата и скалпот да добиете јасна слика за Вашата моментална состојба на косата, да добиете адекватен план на третман и своите резултати од третманот да ги следите транспарентно. Во било кој момент од третманот Вие ќе знаете каков е прогресот на Вашата коса, кој е следниот чекор во Вашиот третман и кој е очекуваниот краен резултат.