Процесот на стареење на косата се одликува со деградација на стеблото на влакното. Што вклучува дегенерација на нишките на влакното од коренот до врвот. Човечката коса е континуирано подложена на повторувачки негативни влијанија од околината, кои се влошени од различни надворешни оштетувања. Надворешните фактори кои предизвикуваат оштетувања вклучуваат сончева светлина, вода, прашина, триење, чешлање, козметички третмани како фарбање , ондулација или исправување на косата. Меѓу природните агресори, сончевата светлина, особено УВ зраците играат важна улога во оштетувањето на косата. Изложеноста на светлосна радијација е познато дека има бројни несакани ефекти. Кај фотооштетувањето, косата станува побледа во боја. И се јавуваат промени на површината на влакното кои ја нарушуваат мекоста и сјајот на косата. Иако не е веднаш забележливо, УВ оштетувањето на влакното има важна улога во генералните аспекти на оштетување на косата.
Промените на стеблото на влакното предизвикани од УВ зраците се состојат од физички и хемиски промени. Од физичките промени се јавува сувост, намалена цврстина, груба површинска текстура, губење на бојата, намален сјај, крутост и кршливост на влакното. Хемиските промени се случуваат во протеините,липидите и пигментите на влакното. Функцијата на пигментите е да обезбедат фотохемиска заштита на влакнените протеини. Особено од пониски бранови должини. Пигментите ја постигнуваат оваа функција преку апсорпција и филтрирање на радијацијата и последивателно трансформирајќи ја во топлина. УВА зраците се одговорни за промените во бојата на косата. Меѓутоа во овој процес на заштита на протеините на влакното од светлината, пигментите се разградуваат и осветлуваат. УВ зраците го афектираат не само меланинот туку исто така и аминокиселините и масните киселини на влакното и кутикулата.
Неколку аминикиселини од влакното, особено триптофан ја апсорбираат светлината. И овие аминокиселини се секако тие кои се подложени на деградација од светлината. Разградувањето на протеините е предизвикано од бранови должини од 254-400нм. УВБ зраците делуваат на губење на протеините. Фотосензитивните аминокиселини ја апсорбираат светлината. И при нивната фотохемиска деградација се ослободуваат слободни радикали. Тие имаат влијание на протеините на влакнтото, особено кератинот. Меланинот освен што апсорбира и филтрира УВ зраци, исто така делумно ги имобилизира и слободните радикали. И го спречува нивниот продор во кератинскиот матрикс.
Липидите на влакното се деградирани од УВ зраците како и од видливата светлина,што предизвикува ослабнување на мембраната на клетките.
Сончевата светлина значи предизвикува фотостареење на нашата коса исто како и на кожата, но се запрашуваме дали предивикува опаѓање на косата. Иако косата всушност служи за заштита на скалпот и фоликулите на влакнтот од УВ зрачењето, истражувањата сугерираат дека не можат комеплетно да ја постигне заштитата.УВ зраците можат да бидат причински фактор или да ги влошат условите кои водат кон опаѓање на косата.
УВ радијацијата има мутирачки ефекти на клеточната ДНА и индуцира инфламаторни фактори во клетките. Оксидативните оштетувања ги менуваат аминокиселините на протеините на влакното, ги деградираат хидратантните липиди и го разгардуваат пигментите. Освен оксидативниот стрес, УВ предизвикуваат имуномодулатрони одговри и дефициенција на фолна киселина, кои ги влошуваат состојбите врзани со губење на коса, како тироидни проблеми и лупус. Може да се јави и привремено опаѓање на косата од тип на телоген ефлувиум поврзан со експозоција на УВ,веројатно поради влијание на циклусот на раст на влакното. Поновите студии укажуваат дека овие регуларни, сезонски промени се реаултат на тоа што околу 90% од косата влегува во анагена фаза во пролет, а таа вредност паѓа на 80% во доцно лето.
Секој од нас препознал некоја од овие манифестации на УВ зраците на косата, осветлување на косата, сувост и кршливост па и опаѓање.
Leonor Greyl Спа третманите за длабинска хидратација и обновување на влакното ќе ја вратат влажноста, цврстината и сјајот на косата. Косата е повторно здрава,убава и мека! Адекватни органски производи богати со растителни протеини, хербални екстракти , есенцијални масла ке го вратат балансот на заштитната хидролипидна бариера на влакното и ќе ја регенрираат протеинската структура на стеблото на влакното правејќи ја косата мазна,свиленкаста и негувана. Тоници кои го стимулираат растот на косата и кои помагаат во потхранување и зацврстување на влакнтото ќе обезбедат да се врати квалитетот и структурата на косата.