Пресметувањето на точни ласерски дози заради оптимален раст на косата е тешко! Сепак, знаеме една работа со сигурност! Воопшто не ја добивате потребната доза на ласерска енергија со стандарден ласерски чешел или професионален ласер со само неколку ласерски диоди. Следен пат кога ќе одлучите да дадете пари за т.н “ласерски третмани” прашајте со колку вкупно ласерски диоди ќе бидете третирани? Од искуство, во нашата држава ви нудат ласерски третман со 1-диоден ласер, или највеќе 5-9 диоден ласер. Со вакви типови на ласер оној што ве третира ќе треба да ве задржи на ласерски третман и константно да го поминува вашиот скалп околу 400 минути по третман! Затоа или нема никаков резултат или тој е толку минимален што воопшто не ни дава видливи резултати во однос на раст на нова коса кај вас. Еве зошто е тоа така.

Користење на стандарден ласерски уред ќе ви даде само еден мал дел од енергијата. Што научниците докажаа дека е потребен заради доволна биостимулација на вашиот скалп! Тој износ на ласерска енергија варира од една до друга научна студија. Но, просекот е некаде околу 3-6 џули енергија на секој квадратен сантиметар на скалпот што сакате да се третира. Степенот на успешност со ласерска терапија се покажа дека е многу зависен од доволната доза на енергија! Ова значи дека 6-7 џули се случува да биде многу поефикасна од 3 или 4. Исто така, треба најмалку 2 или 3 џули за да воопшто започнете да ги чуствувате ефектите на бистимулативните ласерски третмани.

Ласерска енергија која е поголема од околу 7 џули ќе ги намали придобивките од третманот. Ова се случува затоа што ткивото има „точка на сатурација“ односно максималниот износ на стимулација која може да ја поднесе. На околу 10-12 џули опсег се јавува таканаречено „затворање“ на фоликулите. Иако тоа сепак нема да предизвика штета. Меѓутоа, ќе ја избрише секоја позитивна придобивка која ќе се случи на самото ткиво и фоликул. Од ова произлегува дека ниту премалку ниту премногу ласерска енергија не би имале ниакков резултат во однос на повторен раст на изгубената коса.

Да, стандарден ласерски чешел / четки или професионален ласер со неколку диоди ќе ви даде насекаде од околу 1/20-ка или 1/10-ка од енергијата што ви треба! Просечната доза на корисникот што ја добива од нормална, просечна употреба на ваков стандарден ласер или професионален ласер со неколку диоди е околу 0,5 џули.

Ова е едноставна математика! Стандарден ласер не дава доволно моќ да им помогне на повеќето луѓе. И резултатот од ова? Луѓето поминуваат часови неделно со користење на производот. И на крај завршуваат без никакви резултати а потрошено време и пари. Што само по себе подоцна влијае да имаат лош однос и недоверба кон самата ласерска биостимулација и третмани.
Ќе ви дадеме еден еквивалентен пример: На просечен автомобил му е потребна батеријата од 12,6 волти за да го запалите моторот. Па, што ако сте имале автомобилска батерија која има само 1,26 волти? Што ќе се случи ако се обидете да го стартувате автомобилот? Може да ви се појават светлосни сигнали на управувачката табла. Но во ниту еден случај нема да можете да го запалите и стартувате авотмобилот!

Сега … поради дезинформации од овој тип за ласерска терапија, обидете се да се замисли колку глупо би звучел следниот заклучок: Затоа што вашата 1,26 волти батерија не го стартуваше вашиот автомобил, затоа мислите дека автомобилите воопшто не можат да бидат стартувани од батерии. И сте апсолутно разочаран од сите автомобили / батериска конекција! Може ви изгледа смешно, но тоа беше еден обичен пример. За да ја сватите суштината на ефектите од ласерската терапија за раст на изгубената коса со недоволно моќни ласери.

Современата ласерска технологија, за прв пат со 400 ЛАСЕРСКИ ДИОДИ во 101 Hair клиниката обезбедува доволно енергија за поттикнување на функцијата на клетките од коренот на влакното. Само доволна енергија може да го стимулира растот на косата!
400 ЛАСЕРСКИ ДИОДИ истовремено делуваат на целиот скалп. И истовремено ги стимулираат СИТЕ фоликули на главата. Најбитно е дека во текот на целиот третман секој фоликул добива оптимална енергија. За да ја попрaви својата ослабена функција. Досегашните ласери имаа по само неколку диоди или една. И за да имаат стимулативен ефект на фоликулите всушност треба да имате 24 часовен третман!

Новите 400 диодни ласери за само 15 минути истовремено делувајќи на сите фоликули на скалпот предаваат потребно количество светлосна енергија за стимулација на растот на косата.Колку повеќе диоди,толку подобри но и побрзи резултати!